fbpx

Регистрирани 20 оздравени пациенти, 14 нови случаи и еден починат

-

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 20 оздравени пациенти, eден починат пациент од Тетово на возраст од 61 година, а во изминатото деноноќие потврдени се 14 нови случаи на ковид-19 во земјава.

Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања. Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.586 лица, бројката на оздравени пациенти е 1.099, а починати се 90 пациенти.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се двајца пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани се 42. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација четворица пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ примени се четворица нови пациенти, а вкупно хоспитализирани има 20 лица. На респираторна машина се двајца пациенти и уште двајца се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се лекува еден пациент, а на домашно лекување се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно петмина, а уште еден пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово сe хоспитализирани 46 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19“, информираат во министерството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...