Европскиот предлог за отстранување на бугарското вето е достапен и на македонски јазик на владиниот сајт

-

Владата на РСМ попладнево го објави и на македонски јазик европскиот предлог, изработен за време на француското претседателство со ЕУ, за отстранување на ветото од Бугарија за почетокот на преговорите со ЕУ.

„Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна интегрално преведен на Македонски јазик, го објави европскиот предлог“, соопштија од владината прес-служба.

На веб-страницата на Владата на РСМ се објавени:

Од Владата велат дека предлогот во кој се вградени владините забелешки од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите.

Верзијата на англиски јазик на европскиот предлог беше објавена на 1 јули, по што започнаа консултациите на премиерот Димитар Ковачевски со претставниците на владината коалиција и опозицијата.

Албанската опозиција го прифаќа предлог, помалите партии од власта се против

Инаку, водечката албанска опозициска партија Алијанса за Албанците денеска изјави дека го прифаќа францускиот предлог за почеток на преговорите на земјава со ЕУ. И опозициското движење БЕСА на Биљал Касами денеска преку соопштение информираше дека ќе го прифати секој предлог што го отвора патот за интеграција во ЕУ и дека истиот нема да им наштети на интересите на Албанците во земјата.

За разлика од опозициските партии на Албанците, ДОМ, Демократски Сојуз и ЛДП како помали партии од владејачката коалиција денеска излегоа со сериозни резерви во однос на европскиот предлог.

Од Демократскиот Сојуз информираа дека не се задоволни со доставениот предлог и бараат измени во преговарачката рамка и исфрлање на историските прашања од неа. Тие бараат и признавање на македонското малцинство во Бугарија.

Од ЛДП излегоа со став ќе чекаат на целосен превод на францускиот предлог, а сакаат да го видат и билатералниот протокол.

И од ДОМ очекуваат да го видат билатералниот протокол со Бугарија, но и порачуваат дека за нив е неприфатливо билатерални прашања за историјата и образованието да бидат дел од преговарачкиот процес со ЕУ.

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Скулптурата „Отровни стрели“ поставена на скверот кај Порта Буњаковец

На скверот кај Ким во Порта Буњаковец, во центарот на Скопје, поставена е впечатлива уметничка инсталација, насловена „Отровни стрели“. Идејата за оваа скулптур, која го претставува говорот на омраза како невидливо,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени...