Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена направени се 1.695 тестови, а регистрирани се 290 нови случаи на ковид-19. Најголем број од новозаразените се во Скопје – 186.

Од вкупниот број на позитивни случаи, регистрирани се 49 реинфекции, а во изминативе три дена од ковид-19 оздравеле 250 пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 2.084.385 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.501, бројот на оздравени пациенти е 304.239, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 935.

Напишете коментар

Внесете го вашиот коментар
Please enter your name here