fbpx
Таг: Влада на РСМ

таг: Влада на РСМ

Грчка ДЕСФА постана акционер на Гастрејд кој ја гради гасната постројка во Александрополис

Националниот оператор на системот за природен гас на Грција (ДЕСФА) го ратификуваше неговото учество во акционерската структура на Гастрејд, компанијата што ја развива пловечката единица за складирање и регасификација на течен природен гас во грчкиот град Александрополис. Ваквиот потег следува по одобрението од Европската комисија за стекнување заедничка контрола на Гастрејд од страна на Операторот и другите акционери. Од ДЕСФА...

Владата на печатените медиуми годинава ќе им додели субвенции од 30 милиони денари

Владата на вчерашната седница ја донесе Одлуката за одобрување средства од Буџетот за 2021 година за реализација на Програмата за поддршка за печатените медиуми. „Согласно одлуката, 30 милиони денари ќе им бидат распределени на 11 медиумски компании кои ги исполниле условите на јавниот повик за поддршка за печатење и дистрибуција“, соопштуваат од Владата на РСМ. Програмата за поддршка на печатените медиуми...

Собранието ја констатираше оставката на Зоран Заев, во оставка е и целата Влада

Со аплауз на пратениците од опозициските партии, Собранието на РСМ денеска ја констатираше оставката на досегашниот премиер Зоран Заев. Со усвојувањето на неговата оставка, во оставка е и целиот состав на Владата на РСМ. Притоа, постојниот владин состав технички ќе ги извршува функциите до изборот на новиот владин состав. Во согласност со легислативата, по констатирањето на оставката на премиерот Зоран...

Премиерот Заев ја поднесе оставката до Собранието

Премиерот Зоран Заев до собранискиот спикер Талат Џафери ја достави оставката од функцијата претседател на Владата на РСМ, поради исходот од локалните избори и преземената одговорност за изборните резултати. „Со мојата оставка со која ја преземам одговорноста сакам да оставам пример за да се препознаваат доблесните одлуки кога тоа е неопходно и со тоа да дадам уште еден придонес во...

До вчера се доставуваа понуди за пругата Куманово-Крива Паланка, изградбата почнува до март 2022

До вчера се поднесуваа понудите од заинтересираните градежни компании и конзорциуми за изградба на првичните две фази од пругата кон Бугарија. Постапката е успешно завршена од страна на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ, а во наредниот период ќе следува евалуација на пристигнатите понуди и избор на најповолниот понудувач, информираат од Владата на РСМ. Проектот вклучува доградба на...

Владата засега не добила информација од Град Скопје за прекинување на тендерот за БРТ-то, став допрва ќе гради

Владата на РСМ и Министерството за финансии засега немаат добиено информација од Градот Скопје дека планираат да ја прекинат реализацијата на проектот за воведување Бас рапид транзит - БРТ во Скопје, односно дека се откажуваат од автобуското метро. „Доколку Владата и Министерството за финансии добијат официјално известување од страна на Град Скопје, дополнително ќе се произнесат за истото и воедно...

Министерот Хоџа и двајца заменици-министри поднесоа оставка, БЕСА веќе не е дел од владата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со двајца заменици-министри, денеска објавија дека поднесуваат оставки од нивните функции во актуелната влада предводена од премиерот Зоран Заев. Тој рече дека доставената оставка е од морален чин, поради нарушување на демократските вредности во државата. Хоџа додаде дека ја реализира изјавата за давање оставка, поради тоа што една владејачка партија, на чело...

Опозицијата и власта со противречни изјави за тоа кој го има мнозинството во Собранието

Неизвесност околу тоа кој го има мнозинството во Собранието на РСМ пред гласањето за доверба на Владата што ќе се одржи во четврток. И владејачката СДСМ и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека имаат поддршка од 61 пратеник, со која што би се задржала актуелната влада на премиерот Зоран Заев или би се формирало ново парламентарно мнозинство. Пратеникот на партијата Алтернатива,...

Порталб: Попова Шапка оставена на милост и немилост, Владата молчи за инвестициите

Сè уште не се знае што се случи со инвестициите во Попова Шапка, и кој ќе биде инвеститорот, како и кому ќе биде даден под концесија овој ски центар во наредните 99 години. Владата молчи и покрај тоа што премиерот во заминување Зоран Заев пред околу пет месеци изјави дека инвеститорот работи на подготовка на проект, без да го...

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Владата до Собрание, пратеник на Алтернатива пишман за ставениот потпис

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја достави Иницијативата за интерпелација на Владата на РСМ, на која, како што велат од таму, се потпишале 61 пратеник од опозициската коалиција „Обнова за Македонија“, Алијанса за Албанците, Алтернатива, БЕСА и Левица. „Очекуваме Претседателот на Собранието согласно роковите утврдени во Уставот и Деловникот во најбрз можен рок да свика седница на која што ќе се гласа за...

Наместо во ветерот и дождот, спас за аерозагадувањето да се гледа во формирање на Фонд за животна средина

Почна сезоната на опасно живеење во македонските градови поради високото ниво на загадување на воздухот. Во доцните попладневни и вечерните часови, воздухот во Скопје и низ другите населени места го менува мирисот, додека мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање и апликацијата Мој воздух веќе почнаа да алармираат за денови со високо ниво на загадување од...

АНАЛИЗА: Економското заздравување ќе зависи од силината на „ударот” на енергетската криза!

Нови, амбициозни проекции за „економски пресврт“ во следните 4 години – Владата објави нов План за забрзан економски раст, пишува Порталб.мк. Високи стапки на раст на БДП, драматично намалување на невработеноста, инвестиции што се бројат во милијарди евра. Од Владата велат: „Планот за забрзан економски раст е со амбициозна, но остварлива цел да се поддржи економското закрепнување и забрзаниот раст“. Што...

Реакции на експерти по оставката на Заев: Тропа на врата политичка криза во земјава

Северна Македонија е пред политичка криза, со повеќе излезни решенија, но и со нејаснотии како ќе излезе од неа во ситуација кога на подрачјето на Западниот Балкан треба да се решаваат сериозни надворешнополитички прашања меѓу соседите, но и самава земја ќе треба да го решава спорот со Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ. Професорката Мирјана Најчевска од Институтот за...

Либерализацијата на железничкиот превоз се одложува до крајот на 2022 година

Усвојувањето на пакетот на Законите за железници што го регулира прашањето на либерализација е одложено до декември 2022 година, информираат за Мета.мк од Владата на РСМ. Исто така, за евентуалното реструктуирање на Железници на РСМ - Транспорт, како најголем државен загубар, ќе се чека на завршување на анализата за преструктуирање, која во моментов се изготвува. „Во овој момент консултантска куќа...

Државата повеќе добива од даноците отколку што троши за заштита на животната средина [инфографик]

Растат приливите во државната каса од даноците за животна средина. Во 2019 година во буџетот се слеале 219.084.552 евра, односно била платена рекордна сума на даноци во споредба со претходните години, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Една година претходно, во 2018 година биле инкасирани 209.190.164 евра, додека во 2014 година по овој основ во државниот буџет се слеале...

Не се очекуваат ценовни шокови во земјава, владата и компаниите ги следат движењата на берзите

Стопанствениците и владата будно ќе ги следат движењата на берзите во светот и ќе се преземат мерки доколку е потребно, за да не дојде до ценовни шокови во земјава во наредниот период, се согласуваат стопанствениците и централната власт. Вчеравечер во Владата, на барање на Стопанската Комора на Северна Македонија се оствари средба со заменикот на претседателот на Владата задолжен за...

Досега попишани 1.760.194 лица, ДЗС ќе каже дали требаат дополнителни денови за попишување

До вчера вечер во земјава биле попишани 1.768.710 граѓани, 548.694 домаќинства и 795.494 станови. Во однос на дијаспората, до изутринава се самопопишале 201.247 наши иселеници, информираат од Државниот завод за статистика. Владините портпароли денеска апелираа до сите оние граѓани кои од кои било причини досега не успеале да остварат контакт со попишувачите, но и до оние граѓани кои во овие...

Забрчанец: Владата најтранспарентна во регионот како резултат на волјата за отчетност и одговорно комуницирање

Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата Марјан Забрчанец, преку видео-врска учествуваше на регионална конференција посветена на отвореноста на извршните институции во регионот, што денеска се одржа во Подгорица. За негувањето на принципите на транспарентност и отчетност на извршната власт говореа и претставници на владини институции и невладини организации од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија. „Во правец на...

Граѓаните кои попишувачот не ги нашол дома ќе можат да се попишат и во општините

Државниот завод за статистика ќе им овозможи на сите граѓани, кои по кој и да е основ да не успеале да остварат контакт со попишувачот досега, да можат да се попишат на одредени локации во својата општина. За ова денеска информираа владиниот портпарол Муамет Хоџа и Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика. Тие апелираа граѓаните да бидат трпеливи, посочувајќи...

Порталб: Со препорака на Владата, МИОА се откажа од документоматите

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) нема да инсталира документомати, односно апарати за издавање документи, туку ќе инвестира во порталот за електронски услуги и проектот со Македонски пошти, и во нивните филијали ќе се отворат „едно-шалтерски услуги“, известува Порталб.мк. Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири потврди за Порталб.мк дека по препораката на Меѓусекторската група за дигитализација, средствата за...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...