fbpx
Таг: вакцинација

таг: вакцинација

Вучиќ најави по 25 евра награда за сите вакцинирани против ковид-19

Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека сите кои ја примиле вакцината против ковид-19, како и оние кои ќе се вакцинираат, ќе добијат од државата парична награда од 3.000 динари (околу 25 евра). Вучиќ во утринската емисија на ТВ Пинк, изјави дека оваа награда е за сите вакцинирани на возраст над 16 години, со една или со две дози,...

Граѓаните што вчера добиле термин во друг град можат да се вакцинираат денеска во најблискиот вакцинален пункт

По појавата некои луѓе да добиваат термини за вакцинација во друг град, Министерството за здравство ги информира сите граѓани кои се соочиле со ваков проблем и од таа причина не се појавиле вчера на вакцинација истото да го сторат денеска во местото каде живеат, односно на вакциналниот пункт во нивниот град. Не е потребно повторно да се пријават ниту на...

За Велигден и Рамазан без полициски час, а другите денови да почнува од 21 часот, предлага Комисијата за заразни болести

Полициски час да нема за Велигден нoќта на 1 спроти 2 мај, како и за Рамазан Бајрам ноќта на 12 спроти 13 мај предлага Комисијата за заразни болести, а за ова информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче. Предлогот исто така е во наредните денови полицискиот час да почнува од 21 часот, а летните тераси на сите угостителски објекти да...

Денеска ќе се вакцинираат пратениците од Собранието

Министерството за здравство информира дека денеска во А1 арена спортски центар „Борис Трајковски“ ќе се вакцинираат пратениците од Собранието, како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид имунизација. „Вакцинацијата на пратениците ќе се одвива во три групи односно од 10 до 18 часот. На 14 април беа вакцинирани собраниските служби. Вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието...

Дојче Веле: Македонските граѓани на вакцинација и во Бугарија

Бугарската клиника „Комак Медикал“ од вчера започна со вакцинација против ковид-19 и на македонски граѓани со вакцините „Фајзер“ и „Модерна“, извести Дојче Веле сервисот на македонски јазик. Од претставништвото на бугарската клиника за испитувања на лекови во Скопје за Дојче Веле ја потврдиле информацијата, појаснувајќи дека вакцинацијата ќе се врши во центарот на компанијата во дворот на Александровската болница во...

Беса Адеми: Судиите и судската администрација се жалат на Судскиот совет, не ги вклучил во системот за имунизација

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, во разговор за Порталб.мк зборува за моменталната состојба во Врховниот суд, откако повеќе од еден месец го води највисокиот суд во Северна Македонија. Таа вели дека соработката со Судскиот совет треба да се унапреди, бројот на стари предмети во Врховниот суд е мал, а не очекува проблеми во понатамошната работа, освен одредени рецидиви...

Би-Би-Си: Израел е близу до постигнување колективен имунитет на ковид-19

Професор Ејал Лешем, директор на Медицинскиот центар „Шеба“, најголемата болница во Израел, е уверен дека земјата е близу до постигнување на колективен имунитет на новиот корона вирус, известува Би-Би-Си. Професорот го поткрепува своето тврдење со фактот дека и покрај тоа што рестриктивните мерки се олабавуваат, бројор на нови случаи во Израел и понатаму паѓа. Тоа значи дека доволен дел од...

Со законски измени ќе се ограничува плаќањето за ковид-лекување кон приватните болници, најави Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека утрово на состанокот на Координативниот штаб имало предлог да се донесат измени на Законот за здравствена заштита, со што, за приватните болници ќе има финансиски ограничувања за средствата кои тие ги наплаќаат за лекување на ковид-пациенти. Филипче додаде дека тие го слушнале гласот на граѓаните и предлог-измените утре ќе бидат претставени на владина...

ССНМ-ЗНМ: Имунизацијата на медиумските работници започнува од понеделник, во прва фаза ќе се вакцинираат 631 лице

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во координација со Министерството за здравство, минатата недела спроведоа акција за пријавување на новинари и медиумски работници за вакцинација против ковид-19. На повикот одговориле новинари и медиумски работници од вкупно 110 традиционални и онлајн медиуми од целата држава. Се пријавиле вкупно 758 лица од кои...

„Борис Трајковски“ подготвен за старт на масовната вакцинација в понеделник, закажани првите 3.000 термини

Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска Министерството за здравство направи проба за масовната вакцинација со „Спутник В“ што ќе се спроведе во понеделник, кога се закажи првите 3.000 термини. Викендов ќе се симулира вакцинацијата, местата за прием и преглед на граѓаните, пунктовите за издавање на потврди со термини за ревакцинација и местото за фижидерите, со цел да се остранат...

Вчера, на првиот ден од вакцинацијата, вакцинирани 730 граѓани против ковид-19

"Во текот на вчерашниот ден вакцинирани се 730 граѓани во пунктовите низ државата, а 30 до 55 лица ја примиле вакцината во еден пункт, соопшти Министерството за здравство. Според податоците на Националниот систем „Мој Термин“, заинтересираноста кај граѓаните на возраст од над 77 години, кои го започнаа процесот на вакцинација против ковид-19, вчера била висока, односно само 2 отсто...

Преку „Мој термин“ пуштени 9.755, а закажани 5.976 термини за вакцинација против ковид-19

Министерството за здравство информира дека, националниот систем „Мој термин“ од синоќа од 19 часот ги отвори термините преку кои матичните лекари закажуваат вакцинација на граѓани кои се опфатени во првата фаза и спаѓаат во групата 1Б, од Националната стратегија за ковид имунизација. „Вакцинацијата ќе се одвива на постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи во градовите низ државата. Тоа е прецизно...

„Табановце“ и денеска „запоседнато“ од граѓани што одат на вакцинација во Србија

Поради зголемен интензитет, утрово на граничниот премин „Табановце“, чекањето за излез од државата е околу 40 минути, информира АМСМ во утринскиот извештај. И денеска, како и вчера, повеќе македонски граѓани заминуваат на бесплатна вакцинација против ковид-19 со вакцината на „Оксфорд/АстраЗенека“ во соседна Србија. Во текот на вчерашниот ден, во организација на стопанските комори, во Белград и во Ниш се упатија...

Филипче: Масовната вакцинација ќе започне со „Астра зенека“ или со кинеските вакцини

Масовната вакцинација би започнала на крајот на март или првите недели од април и тоа со вакцините на „Астра Зенека“ или кинеските, зависно кои ќе пристигнат први, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче во изјава за медиумите при посетата на Општата болница во Кочани. „Масовната вакцинација на населението ќе започне или со вакцината на „Астра Зенека“ или со кинеските...

„Фејсбук“ започнува глобална кампања за да им помогне на милиони луѓе да се вакцинираат

Фејсбук вакцини
„Фејсбук“ започнува глобална кампања која ќе има за цел да ги запознае корисниците подобро со фактите за вакцините против ковид-19, но и да им го олесни пристапот при процесот на вакцинирање. „Денес започнуваме глобална кампања за да им помогнеме на 50 милиони луѓе да се доближат уште еден чекор до добивање вакцини. Веќе поврзавме над 2 милијарди луѓе со меродавни...

Првата пратка од 3.000 вакцини „Спутник V“ од Русија пристигна на аеродромот во Скопје

Министерот за здравство Венко Филипче и рускиот амбасадор Сергеј Баздникин на скопскиот аеродром попладнево ја пречекаа првата пратка од руската вакцина „Спутник V“ од Русија. Пратката од вакцини доволни за прва вакцинација за околу 3.000 граѓани стигна со редовен лет на „Ер Србија“ од Белград. Дозите за ревакцинација и другите дози од прва вакцина би требало да пристигнат наскоро, односно...

Уште 333 нови случаи на ковид-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 107.163

Министерството за здравство на Северна Македонија информираше дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.259 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на ковид-19. Во истиот период, регистрирани се 268 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 10 починати лица. Починати се по 3 пациенти од Скопје (85 г.,70 г.,70 г.) 2 пациенти од Кавадарци (90...

До крајот на овој месец ќе пристигнат 21.060 вакцини од „Фајзер“

Производителот на вакцини против ковид-19, компанијата „Фајзер-Бионтек“ денеска до Министерството за здравство, го испрати договорот за купување вакцини со кој е предвидено во текот на цела 2021 година, на С. Македонија да ѝ испорача 800.280 дози вакцини. Според договорот, испораката на вакцините ќе се одвива во 4 квартали, а првата достава ќе се случи овој месец кога ќе бидат...

Фактоје: „Избледнувањето“ на ветувањето на албанскиот премиер Рама за бројот на вакцини

Количината на вакцини ветени во различни изјави од премиерот нa Албанија, Еди Рама, постојано се намалува. До денеска пристигнале помалку од 10.000 вакцини, бројка што требаше да биде „исцрпена“ до третата недела од јануари, пишува „Фактоје“. Ветено е пристигнување на 30.000 дози во февруари, но механизмот КОВАКС потврди за Фактоје дека не испратил никаков контингент во првите две седмици од...

Вистиномер: Вакцинацијата не заврши за еден ден

Објава на Фејсбук пласира погрешна информација дека имунизацијата со вакцините на „Фајзер“ кои стасаа од Србија, ќе почне и ќе заврши во еден ден, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа, што подолу ја пренесуваме во целост. Во постот е пренесен текст кој уште во самиот наслов тврди: „Во среда почнува и завршува вакцинацијата, од четврток чекаме нови вакцини“. Но, тоа не...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...