Фото: Министерство за здравство

“Во текот на вчерашниот ден вакцинирани се 730 граѓани во пунктовите низ државата, а 30 до 55 лица ја примиле вакцината во еден пункт, соопшти Министерството за здравство. Според податоците на Националниот систем „Мој Термин“, заинтересираноста кај граѓаните на возраст од над 77 години, кои го започнаа процесот на вакцинација против ковид-19, вчера била висока, односно само 2 отсто од лицата кои имале закажано термин, не ја примиле вакцината.  

Лицата кои спаѓаат во 1Б групата, вчера се вакцинираа во Скопје, односно во Поликлиниките „Јане Сандански“, „Чаир“ и „Букурешт“, како и во Здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци. 

Утре ќе започне вакцинацијата и во другите градови: Тетово, Струга, Неготино, Крива Паланка, Вевчани, Валандово, Ростуше, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Свети Николе, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица, Кратово, Кичево, Кочани, Радовиш, Виница, Пробиштип, Дебар, Пехчево и Македонски Брод.

Вакцинацијата се одвива во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи во градовите. Пунктовите работат од 8 до 20 часот, секој ден, од понеделник до петок. Закажувањето на терминот го прави матичниот лекар, кој е должен на секој граѓанин да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт во здравствената установа“, информираат од ова министерство.