Фото: Министерство за здравство

Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска Министерството за здравство направи проба за масовната вакцинација со „Спутник В“ што ќе се спроведе во понеделник, кога се закажи првите 3.000 термини. Викендов ќе се симулира вакцинацијата, местата за прием и преглед на граѓаните, пунктовите за издавање на потврди со термини за ревакцинација и местото за фижидерите, со цел да се остранат евентуалните проблеми кога ќе започне процесот на вакцинација.

„Овде го реплицираме на многу поголем простор оној систем што го имавме во модуларната болница кога се вакцинираа здравствените работници. Верувам дека граѓаните ќе имаат и желба и волја да се вакцинираат. Со доаѓањето на поголеми количини на вакцини во текот на овој месец, ќе се намалува и старосната граница за вакцинирање“, изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека до вчера во државава се вакцинирани 1.300 граѓани. Тој посочи дека на почеток, просечно околу 4.000 лица дневно ќе бидат вакцинирани низ државата, а дека дека за кусо време ќе се исполни и планот за 7.000 термини дневно.

Во салата „Борис Трајковски“ за вакцинација ќе биде ангажиран тим од пет доктори и 20-ина медицински сестри, во две смени, а веќе се обележани местата за опсервација по завршување на вакцинирањето и за Итната медицинска помош. Во салата ќе бидат ангажирани и вработени во администрација од Министертство за здравство, здравствените домови и Институтот за јавно здравје.

Во оваа фаза ќе бидат имунизирани критичните вработени во: АРМ, МВР, новинарите и вработени во медиуми, службите од Град Скопје, пожарникари, возачина ЈСП, пожарникари, вработени во градинки, во судови и на патарини.

Вакцинацијата со 20.000 руски вакцини „Спутник В“ што ги донираше Србија ќе се одвива на 48 пункта во државава.