Уште 333 нови случаи на ковид-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 107.163

Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство на Северна Македонија информираше дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.259 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на ковид-19.

Во истиот период, регистрирани се 268 оздравени пациенти.

Пријавени се вкупно 10 починати лица. Починати се по 3 пациенти од Скопје (85 г.,70 г.,70 г.) 2 пациенти од Кавадарци (90 .г, 59 г.) и по еден пациент од Штип (47 г.), Велес (59 г.), Кочани (79 г.), Куманово (82 г.), и Охрид (68 г.). Девет пациенти се починати во болнички услови, еден пациент во домашни услови.

Направени се 2.529 тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 543.254 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.163, бројката на оздравени пациенти е 94.729, на починати е 3.195, а бројот на активни случаи изнесува 9.239.