fbpx

Дојче Веле: Македонските граѓани на вакцинација и во Бугарија

-

Бугарската клиника „Комак Медикал“ од вчера започна со вакцинација против ковид-19 и на македонски граѓани со вакцините „Фајзер“ и „Модерна“, извести Дојче Веле сервисот на македонски јазик.

Од претставништвото на бугарската клиника за испитувања на лекови во Скопје за Дојче Веле ја потврдиле информацијата, појаснувајќи дека вакцинацијата ќе се врши во центарот на компанијата во дворот на Александровската болница во Софија, која е универзитетска болница и најстарата здравствена институција во Бугарија.

Нема прецизни информации колкаво количество вакцини ќе бидe ставено на располагање на македонските граѓани, но според информации од претставништвото во Скопје, станува збор за ограничена количина на вакцини од „Фајзер“ и „Модерна“. Но, оние коишто ќе изразат желба ќе можат да се вакцинираат и со „АстраЗенека“ за која што се обезбедени поголеми количини вакцини за имунизација.

„За регистрација и организирани посети, ве молиме користете ги контактите на канцелариите на Комак Медикал во Софија и Скопје, како и контактите на фондацијата “Бугарско сеќавање“, вели Милен Врабевски, претседател на фондацијата.

Тој појаснува дека сертификатите ќе се издаваат само со матичен број и бугарски пасош, но никој што сака да се вакцинира нема да биде вратен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...