недела, 15 март, 2026
Meta.mk

Ознака: вакцина против ковид-19 | 75 резултати

Ортопедски хирург неосновано тврди дека мРНК вакцините се штетни и дека треба да се суспендираат

25 декември 2022

Нема докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат тромбови, како што се тврди во постот. Светската здравствена организација официјално соопшти дека нема потврда дека вакцината предизвикува згрутчување на крвта. Создавањето тромбови не е на листата на сериозни несакани дејства од вакцината на „Фајзер“ која може да се најде на страницата на Центарот за контрола и превенција од болести. ЦДЦ, […]

Анонимен мејл погрешно се интерпретира како доказ дека вакцините се штетни за фетусот

25 ноември 2022

Стручниот колегиум на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство Скопје (ГАК), Комитетот за безбедно мајчинство на РСМ и Здружението на перинатолози на РСМ издаде препораки во врска со вакцинацијата против ковид-19 за време на бременост. Овие препораки кои Вистиномер ги има објавено, се базирани врз студии од светски релевантни медицински институти што се темелат на истражувања […]

Човек во Австралија починал поради напад од кенгур, а не поради ковид вакцина

20 септември 2022

Постот дезинформира дека се прикрива вистината во врска со настанот во Австралија кога човек починал откако бил нападнат од кенгур и паушално тврди дека тој умрел 24 часа после третата доза вакцина против ковид. Светските медиуми јавија дека роднина на починатиот маж го пронашол со сериозни повреди. На местото на настанот дошла и полиција, бидејќи […]

Вистиномер: Нема докази дека германскиот министер за здравство добил нарколепсија од ковид вакцините

16 август 2022

Видеото на кое се гледа германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах како да заспива, не докажува дека тој развил нарколепсија поради вакцините против ковид-19. Станува збор за видео извадено од контекст. Всушност, Лаутербах ја наведнува главата за да се фокусира на прашањето и за само 4 секунди тој се враќа во исправена позиција за да […]

Вистиномер: Шведска студија не покажала дека вакцината на „Фајзер“ ја менува човековата ДНК

16 август 2022

Експериментот во студијата е направен врз клетки во лабораторија, односно се работи за ин витро експеримент. Ин витро експериментите се важни за давање насоки што би можело да се случи во човековиот организам ин виво. Но, за да се заклучи што се случува во човековиот организам „во живо“, мора да се направат и такви истражувања. […]

Вистиномер: Вакцината на „Фајзер“ за деца под 16 години е регистрирана во Србија во 2021 година

9 август 2022

Документот што се споделува во текстот на „Коловрт“ е од декември 2020 година кога фајзеровата вакцина не се администрираше на деца под 16 години никаде во светот, затоа што уште не беа завршени клиничките тестирања за таа возрасна група. Тој документ во текстот не се однесува на деца, туку на лица над 18 години за […]

Вистиномер: Со невистинито, изменето видео, се манипулира дека директорот на „Фајзер“ сака да ја намали светската популација

14 јуни 2022

Видеото споделено во постот што го рецензираме е изменето и во него се претставуваат невистинити факти, односно се додаваат зборови кои директорот на Фајзер не ги кажал. Во неизменетата верзија, Бурла не споменува никакви планови за елиминација на половина од човечката популација, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме […]

Вистиномер: Не е точно дека во 2021 година смртноста во американската армија се зголемила за 1.100 проценти

18 мај 2022

Откако во 2021 година се појави ненадеен раст на смртноста и медицински состојби како канцер, Питер Грејвс, портпарол на одделот за набљудување во Агенцијата за здравје на армиските припадници во одделот за одбрана, за Политифакт рече дека откако ги разгледале податоците, утврдиле дека во нив имало грешки во годините од 2016 до 2020. Причината за […]

Вистиномер: Надал не добил ретка болест по вакцинацијата против ковид – дијагнозата ја добил уште во 2005 година

17 мај 2022

Од повеќе медиумски написи може да се види дека првпат Надал дијагноза Милер-Вајс ја добил уште во 2005 година, кога бил тинејџер. Порталот Тенис, пишува дека самиот Надал кажал дека оваа болест била закана за неговата кариера уште во 2005 година, а се вратила 16 сезони подоцна. Во 2005 немаше вакцини против ковид-19, ниту пак […]

Д-р Ивана Стојаноска: Кај нас сите се „онлајн лекари“ и не ги почитуваат советите на докторите

3 февруари 2022

Бројот на заболени од ковид деновиве варира, зависно од ден на ден. Новиот бран на вирусот започна со откривањето на сојот Омикрон како уште една мутација што во светот беше регистрирана кон крајот на ноември минатата година. Омикрон јавува послаба клиничка слика кај пациентите, а пред една недела властите донесаа одлука изолацијата на асимптоматските случаи […]

Вистиномер: Нема докази дека 460 научници и лекари во Јапонија барале од владата да престане вакцинацијата

18 јули 2021

Вистиномер.мк рецензира пост на Фејсбук во кој се тврди дека 460 научници и професори од Јапонија пред 2 дена до јапонската влада испратиле документ, во кој бараат итно да сопре вакцинацијата против ковид-19, која, исто така, во постот се нарекува и „генетска терапија“. Во постот се претставува настанот како нешто што традиционалните медиуми го прикриле од јавноста, а […]

Вистиномер: Вакцината против ковид-19 не е генетска терапија

12 јули 2021

Ковид-19 вакцините не се генетска терапија затоа што не се дизајнирани на ниеден начин да ги променат вашите гени, објави Вистиномер во својот нов текст кој го пренесуваме во целост: Генската терапија вклучува правење на намерни промени во ДНК на пациентот за да се излекува генетска состојба. мРНК од вакцината не влегува во нуклеусот на […]

МЗ: Вчера се аплицирани 12.590 вакцини, прва доза примиле 9.377 граѓани

8 јули 2021

Прва доза вакцина вчера примиле 9.377 граѓани, а вкупно во текот на денот се вакцинирале 12.590 граѓани, информираат од Министерството за здравство. На вакциналните пунктови заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 400.235 граѓани. Вкупно се аплицирани 640.886 дози вакцини, а ревакцинирани се 240.651 граѓани, додаваат од Министерството. Оттаму додаваат дека досега бројот на лица кои […]

МЗ: Вчера се аплицирани 11.598 вакцини, а досега вкупно се вакцинирале 231.014 граѓани

28 мај 2021

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 231.014 граѓани. Прва доза во текот на вчерашниот ден примиле 2.504 граѓани, а  вкупно вчера се вакцинирани 11.598 лица, соопшти Министерството за здравство. Во државата досега вкупно се аплицирани 290.829 дози вакцини, а ревакцинирани се 59.815 граѓани. Со последните бројки, барем една доза вакцина […]

ЕУ ќе ја тужи компанијата АстраЗенека поради доцнењето со испорака на вакцините

26 април 2021

Европската унија поднесе тужба во Белгија против фармацевтската компанија „АстраЗенека“ за, како што рече, прекршување на договорот при испораката на вакцината против ковид-19 од страна на компанијата, пренесува Гардијан. Односот на ЕУ со компанијата се влоши откако АстраЗенека во јануари изјави дека нема да може да ги испорача закажаните дози на вакцини за првиот квартал […]

Вистиномер: Не може да се потврди дека помодрената рака на фотографијата е од вакцина на „АстраЗенека“

13 април 2021

Не може да се потврди дека на фотографијата којашто се споделува со овој пост, е прикажан некој што се вакцинирал со вакцина од „АстраЗенека“. Не може да се провери ниту од кога и од каде е фотографијата. Лажно се тврди дека таа била објавена на бугарските вести. Нашето пребарување од датумот кога е објавена фотографијата […]

СКСЗМ бара и бизнисите кои го претставуваат мнозинството вработени да бидат вклучени во приоритетна имунизација

6 април 2021

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) смета дека управувањето со ковид кризата во земјава се одвива многу бавно во споредба со другите земји од регионот, како во смисла на обезбедување вакцини и имунизација, така и од аспект на стимулирање на бизнисите. Според СКСЗМ, вчера донесената одлука за продолжување на полицискиот час и затворање на некои […]

(Видео) Српскиот претседател Вучиќ се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм“

6 април 2021

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ја прими вакцината против ковид-19. Како што јавуваат српските медиуми, Вучиќ се вакцинирал со вакцината на кинеската компанија „Синофарм“. „Не почувствував ништо. Исто како да не сум примил“, изјави Вучиќ. Српскиот претседател се вакцинираше во Здравствениот дом „д-р Верољуб Цакиќ“ Мајданпек.   View this post on Instagram   A […]

Продолжува вакцинацијата, на првиот ден вакцинирани околу 3.000 лица против ковид-19

6 април 2021

Со руската вакцина „Спутник В“, вчера во салата „Борис Трајковски“ во Скопје започна масовната вакцинација против ковид-19 на населението во земјата. Министерот за здравство Венко Филипче информира дека на првиот ден во просек се вакцинирале по околу 300 лица на час, или околу 3.000 лица дневно. Во текот на вчерашниот ден, вакцини против ковид-19 примиле […]

„Борис Трајковски“ подготвен за старт на масовната вакцинација в понеделник, закажани првите 3.000 термини

3 април 2021

Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска Министерството за здравство направи проба за масовната вакцинација со „Спутник В“ што ќе се спроведе во понеделник, кога се закажи првите 3.000 термини. Викендов ќе се симулира вакцинацијата, местата за прием и преглед на граѓаните, пунктовите за издавање на потврди со термини за ревакцинација и местото за фижидерите, со […]

Страна 1 од 4