fbpx

Истражување за временските услови правено пред пандемијата, злоупотребено да се нападнат вакцините

-

Во текстот чиј наслов е прикажан во склоп на постот без да се посочи и линкот до него, воопшто не се разгледуваат ненадејни смртни случаи кои настануваат како резултат на вакцина. Ниту пак, во истражувањето споделено во Вајс, во кое има примерок од смртни случаи од изминатите 38 години, заклучно со 2017 година, се споменуваат вакцините. Тие луѓе кои се дел од истражувањето, воопшто не би можеле да бидат вакцинирани против ковид-19, зашто во 2017 немаше ниту ковид, ниту вакцина. Па корелацијата меѓу ковид вакцината и смртноста за која се говори во постот, воопшто не е воспоставена на фактички темели, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се прикажува фотографија (принтскрин) од напис во медиумот Вајс, без да се сподели и линк до самиот текст.  Во описот на постот се вели:
Климатските промени се виновникот за зголемената ненадејна смртност?
„Овој страшен феномен  станува секојдневен поради климатските промени.
Научниците испитуваат температури од кои луѓето ненадејно умираат со зголемено темпо.“ (превод)
Постирано од Австралискиот Сенатор Gerard Rennick
Вие кои хистеричевте и поддржувавте инјектирање, посебно монструмите во бели мантили…
Колку и да молчите и да се преправате дека не се случува ништо не може да го игнорирате фактот дек се случува огромна ,,ненадејна” смртност изминативе две години од почетокот на инјектирањето.
Овој трагичен факт не можат да го игнорираат ни тие кои ја наметнаа инјектираната „ненадејна“ смртност на млади луѓе, па со вакви „научни истражувања“ виновникот го лоцираат во климатските промени.
За да се да се пристапи до написот на Вајс треба да се пребара преку Гугл и откако ќе се најде текстот може да се види дека во него се говори за тоа дека научниците почнале да проучуваат временски услови предизвикани од влажност и топлина, кои предизвикуваат здрави личности да се прегреат и да починат. Пишува дека овие ситуации се сè почести. Но, текстот на Вајс е стар, од 7 јули 2021 година. Во Вајс се објавува и студија според која податоци собрани од 1979 до 2017 година покажале преку седум илјади  вакви смртни случаи. Ваквите температури, всушност, се точка на која влажноста и топлината влијаат на таков начин, што потта од телото веќе не функционира како механизам за ладење на телото. Најмногу од овие состојби, според текстот на Вајс, ги попгодиле лууѓето во Јужна Азија, Блискиот Исток и Северна Америка. Станува збор за состојба кога релативната влажност на воздухот е над 95 проценти, а температурите барем 88 фаренхајтови степени, според студијата презентирана во Вајс.
Дури и ако се во совршено здравје, дури и ако седат под сенка, ако носат облека што е лесна, дури и ако имаат неограничени количини вода за пиење, ако нема доволно влажност во воздухот, термодинамички е неможно да се спречи прекумерното загревање на човековото тело, се вели во текстот.

Така што,  во текстот чиј наслов е прикажан во склоп на постот, воопшто не се разгледуваат некакви ненадејни смртни случаи коишто се случуваат како резултат на вакцина. Ниту пак, во истражувањето споделено во Вајс, во кое има примерок од смртни случаи од изминатите 38 години заклучно со 2017 година (кога немаше ни ковид ни вакцина) се споменуваат вакцините. Тие луѓе кои се дел од истражувањето, воопшто не би можеле да бидат вакцинирани против ковид-19, зашто во 2017 немаше ниту ковид , ниту вакцина. Па корелацијата меѓу ковид вакцината и смртноста за која се говори во постот, воопшто не е воспоставена на фактички темели

Понатаму, основата на истражувањето од текстот е за временски услови познати како wet bulb, кога влажноста на воздухот е висока, а исто така и температурата е висока, па се оневозможува механизмот на потење поради што настапуваат смртните случаи кои се разгледуваат.

Во текстот на Вајс се вели:

Потењето е неопходна функција за справување во топлите денови. На површината на кожата, какпките пот може да станат доволно топли да се претворат во пареа и да испарат, на тој начин елиминирајќи ја жештината и овозможувајќи внатрешната температура на телото да се снижи. Во влажни денови, водата којашто нашите тела ја емитуваат, останува внатре, станувајќи сè потопла, без да испари во пареа. Замислете што се случувуа во соба со пареа, кога вашето тело собира пот наместо да ја елиминира, додека топлината не стане толку неподнослива што мора да излезете надвор.

Вистиномер веќе пишуваше дека прекумерната смртност е комплексен проблем сочинет од повеќе фактори, но и дека нема докази дека таа на каков било начин корелира со вакцинацијата против ковид-19, иако разни антивакцинални наративи со месеци наназад го тврдат спротивното.
Има многу независни фактори кои предизвикуваат да има повисока стапка на смртност. Феноменот е неодамнешен и истражувачите уште го анализираат. Некои од веројатните фактори што придонесуваат за прекумерната смртност се дека ковид уште циркулира и смртноста предизвикана од болеста и понатаму се значаен дел од прекумерната смртност. Второ, здравствените системи во многу држави уште се опоравуваат од пандемијата. Многу болници се без средства и персонал, што води до неоптимална грижа за пациентите. Но, едно од нештата коишто знаеме дека не придонесуваат за прекумерната смртност е вакцината против ковид-19, наспроти тврдењето изнесено во постот што го рецензираме. Нема корелација меѓу покриеноста со вакцина во земјите и бројот на прекумерни смртни случаи, ниту пак, прекумерната смртност е позитивно корелирана со вакциналните кампањи.
Дополнително, смртни случаи кои воопшто не може да се поврзат со вакцината, од страна на антивакциналните кругови месеци наназад се претставуваат како да се поврзани со вакцината. Честопати за таа цел се злоупотребуваат и погрешно се интерпретираат пријави од ВАЕРС, но и смрт на кој било што бил вакциниран, или пак бил декларативен поддржувач на вакцинацијата во текот на својот живот. Примери може да погледнете овде и овде.
Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Вакцините спасуваат животи и нивните бенефити ги надминуваат нивните ризици. Терминот ненадејна смрт е наметнат од страна на антивакциналните кругови кога и да сакаат да инсинуираат без докази дека нечија смрт била предизвикана од вакцината, дури и кога за тој смртен случај има сосема други причини за настанувањето. Дополнително, во постот се споделува наслов од текст (без линк) за испитување на временски состојби во којшто е претставено истражување за феномен наречен wet bulb  што постоел и во периодите кога немало вакцина против ковид-19. Тој временски феномен се карактеризира со тоа што температурите се високи исто како и влажноста на воздухот, па затоа е неможно телото да се поти и да се лади поради што настапува смртта.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...