fbpx
Таг: вакцина против ковид-19

таг: вакцина против ковид-19

До крајот на овој месец ќе пристигнат 21.060 вакцини од „Фајзер“

Производителот на вакцини против ковид-19, компанијата „Фајзер-Бионтек“ денеска до Министерството за здравство, го испрати договорот за купување вакцини со кој е предвидено во текот на цела 2021 година, на С. Македонија да ѝ испорача 800.280 дози вакцини. Според договорот, испораката на вакцините ќе се одвива во 4 квартали, а првата достава ќе се случи овој месец кога ќе бидат...

Вистиномер: Четири илјади здравствени работници не беа вакцинирани за десетина дена

На 16 февруари, еден ден пред почетокот на процесот на имунизација против коронавирусот, министерот за здравство Венко Филипче во интервју за телевизија „Сител“ вети дека за десетина дена ќе бидат вакцинирани сите здравствени работници што работат со пациенти заболени од ковид-19. Ова негово ветување  досега (01.03.2021) е неисполнето, пишува Вистиномер.мк во својата анализа. „Ние за десетина дена ми се чини...

Твитер ќе ги гаси профилите кои во континуитет шират невистини за ковид-19

Социјалната мрежа Твитер вчера соопшти дека воведуваат нови правила со кои ја засилуваат борбата против ширењето на невистини во врска со ковид-19. Твитер ќе поставува предупредувања на оние твитови кои содржат невистини за вакцините против ковид-19. Исто така, одредени профили на Твитер можат да бидат трајно забранети доколку во континуитет, и по пет предупредувања, продолжат да шират дезинформации против...

Порталб: Доктор Халити од Тетово ја прими вакцината против ковид-19, вели дека ѝ верува на науката

Специјалистот Газменд Халити беше еден од првите лекари од тетовската Клиничка болница кој се вакцинираше против корона вирусот. Во интервју за Порталб тој го опиша процесот на вакцинација, ефектите од вакцинацијата и неговото искуство. Овој лекар ги советуваше сите да се вакцинираат, за да изградат имунитет и да бидат поподготвени во случај да дојдат во контакт со вирусот. Вие бевте меѓу...

ДФРЛаб: Про-Кремљ медиумите дезинформираа дека за вакцината Спутник V е успешно аплицирано за одобрување во ЕУ

Про-Кремљ медиумите брзо ја раширија веста дека Рускиот фонд за директни инвестиции успешно аплицирал за одобрување на вакцината Спутник V на пазарот на Европската унија. Истите центри, сепак, беа помалку желни да признаат дека апликацијата е поднесена преку онлајн платформа што Европската агенција за лекови (ЕМА) не ја користи од 2015 година, пишува ДФРЛаб, пренесе Критинк. Про-Кремљ изворите претходно го засилија негативното...

Фактоје: „Избледнувањето“ на ветувањето на албанскиот премиер Рама за бројот на вакцини

Количината на вакцини ветени во различни изјави од премиерот нa Албанија, Еди Рама, постојано се намалува. До денеска пристигнале помалку од 10.000 вакцини, бројка што требаше да биде „исцрпена“ до третата недела од јануари, пишува „Фактоје“. Ветено е пристигнување на 30.000 дози во февруари, но механизмот КОВАКС потврди за Фактоје дека не испратил никаков контингент во првите две седмици од...

Медиа Плус: Таравари дезинформира со тврдењето дека македонската влада не нарачала 800.000 вакцини преку Ковакс

Тврдењето на поранешниот министер за здравство Арбен Таравари во текот на гостувањето на ТВ Алсат М (18.02.2021), дека за Македонија се резервирани само 103.200 дози на вакцини е неточно и со тоа тој ја дезинформира јавноста, пишува „Медиа Плус“ во својата анализа, што ја пренесуваме во целост. „Јас го проверувам, сега го гледам системот Ковакс на телефон и ги гледам...

Медицинскиот тим на АРМ ќе замине во Авганистан со примени ковид-19 вакцини

Фото: МО
Шестчлениот македонски воен хируршки тим, кој во Норвешка се подготвува за мисија во Авганистан, во Кабул ќе замине вакциниран против ковид-19. Тимот, составен од тројца доктори и три медицински сестри, вчера ја добил првата доза од вкацината на АстраЗенека, како и нивните норвешки колеги со кои заедно ќе учествуваат во мисијата, а втората ќе ја добие пред да замине...

Претседателката на Лекарската комора се вакцинираше, порача дека имунизацијата е најсилно оружје против ковид-19

Претседалката на Лекарската комора на РСМ, Калина Гривчева Старделова ја прими првата доза од вакцината против ковид-19. Таа е дел од здравствените професионалци кои се ангажирани во еден од ковид центрите во земјава. „Имунизацијата е една од најуспешните и најефикасни здравствени процедури и тоа досега многу пати го докажала историјата. Затоа, порачувам дека никој, а особено здравствен работник, не треба...

МЗ: Досега 85.179 лица се пријавиле да примат вакцина против ковид, 38.000 од нив имаат над 70 години

Министерството за здравство информира дека досега преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ 55.970 лица ја пополниле формата за аплицирање преку искажување на интерес за вакцинација против ковид-19. Преку матичниот лекар, за вакцинација се пријавиле 29.209 лица. Од оваа вкупна бројка, 38.000 лица над 70 години се пријавени за вакцинација, посочуваат од ова министерство. Вчера, со вакцинација на 202 здравствени работници почна имунизацијата во...

Вистиномер: Бремена жена немала спонтан абортус по вакцинација за ковид-19

Во информација споделена на Фејсбук пост, се тврди дека жената на фотографијата, претставена како доктор Сара Белтран Понсе, имала абортус неколку денови откако ја примила вакцината на Фајзер против ковид-19. Според објавата од 7 февруари 2021 година, жената  наводно „си го убила нероденото дете, заради својата глупава глава без интелигенција и без верба во Бог, и се вакцинирала против...

Пуштена веб-страницата „Vakcinacija.mk“, граѓаните можат да се пријавуваат за вакцинација против ковид-19

Министерството за здравство доцна попладнево информира дека е пуштена e во употреба веб-страницата „Vakcinacija.mk“ на која граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација против ковид-19. -Секој заинтересиран граѓанин кој сака да прими вакцина, може да се пријави на веб-страницата. Потребно е да се пополни апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација. Со пополнувањето на формата, се регистрирате директно во националниот...

Филипче го потпиша договорот за набавка на 200.000 вакцини од кинески „Синофарм“

Министерот за здравство Венко Филипче го потпиша договорот за набавка на вакцини против ковид-19 од кинескиот производител „Синофарм“. Со договорот, Република Северна Македонија од кинеската компанија „Синофарм“ обезбедува 200.000 вакцини кои ќе пристигнат овој месец. Од Министерството за здравство велат дека точниот датум на пристигање и сите други информации ќе се знаат деновиве. „Почитувајќи ја одредбата од договорот за тајност,...

Индија подари над 5,5 милиони дози на вакцини против ковид-19 и почна извоз во странство

Од 20 јануари до сега, Индија донирала над 5,5 милиони дози од нивните две вакцини против ковид-19 „Ковишилд“ и „Коваксин“, информираат од Амбасадата на Индија со надлежност за нашата земја со седиште во Софија. Двете вакцини против ковид-19 се донирани на Бутан (150.000 дози), Малдиви (100.000 дози), Непал (1 милион дози), Бангладеш (2 милиони дози), Мјанмар (1,5 милиони дози),...

Вакцината „Новавакс“ со висока ефикасност против британскиот сој на корона вирусот

Третата фаза од тестирањето на вакцината „Новавакс“ во Велика Британија покажала висока ефикасност во борбата против британската мутација на корона вирусот, која е актуелна деновиве. Ефикасноста на оваа вакцина достигнала 89,3 отсто во спречувањето на развојот на ковид-19 кај лицата што ја примиле, додека истовремено двете дози од вакцината „Новавакс“ покажале 86 отсто ефикасност на вакцината против британскиот сој...

Големата надеж на Пекинг во „престижните“ кинески вакцини „испарува“ по реакциите во светот

Двете кинески вакцини против корона вирусот, за кои Пекинг, а и одреден број влади и луѓе низ светот сметаа или сметаат дека ќе станат симбол на престиж за Кина и за нејзината научна платформа, се соочуваат со низа негативни реакции и неповолни бројки. Властите во Турција и во Бразил, но и во други земји во светот, претежно од групата...

Филипче: „Фајзер“ бара без посредници да аплицира за регистрација на вакцината во земјава

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека компанијата „Фајзер“ побарала вакцината против ковид-19 да ја увезува директно во земјава, без посредници. Тие побарале до македонските надлежни институции да аплицираат за увозник на вакцината, а со тоа и да аплицираат за регистрација на вакцината во земјава. Токму поради таа причина, во Собранието на РСМ се најдоа измените на Законот...

Филипче: Првите вакцини од Фајзер и од Србија ќе стигнат со интервентен увоз, планот за вакцинација е подготвен

Не постои законска пречка за прием на вакцините против ковид-19 во нашата земја, информира министерот за здравство Венко Филипче по обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека владата е неспособна и го закочила процесот на примање на 8.000 вакцини од Србија. Наспроти тврдењата на Мицкоски дека процесот е закочен бидејќи вакцината не е регистрирана и има отсуство на...

СЗО апелира на поостри мерки во Европа за да се заузда ширењето на новиот сој на корона вирусот

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика европските земји да сторат повеќе во спречување на ширењето на новиот сој на корона вирусот којшто за прв пат беше откриен во Велика Британија, јавува Би-би-си. Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге рече дека потребни се поостри мерки за „израмнување на стрмната вертикална линија“ на зголемениот број на случаи во некои земји. Тој...

Вистиномер: Со вакцината против ковид-19 нема да станете половина човек, половина демон!

Објава на Фејсбук шири невистини за вакцините дека вакцината против ковид-19, наводно, преку генетски инженериг ја менува ДНК во организмот на оној којшто ја прима. Со злоупотреба на терминологија од медицинската наука, се прави лажна корелација меѓу вакцинацијата и демоните, се доведува во заблуда населението дека вакцинирањето е, всушност, процес во којшто човекот ќе стане половина демон! Луциферејс (luciferase)...

Гореле диви депонии во Желино и Боговиње

Две диви депонии синоќа гореле во Полошкиот регион. Според информациите од Центарот за управување со кризи се случиле два пожари на отворен простор во последното деноноќие, во атарот на...