fbpx

Вистиномер: Шведска студија не покажала дека вакцината на „Фајзер“ ја менува човековата ДНК

-

Експериментот во студијата е направен врз клетки во лабораторија, односно се работи за ин витро експеримент. Ин витро експериментите се важни за давање насоки што би можело да се случи во човековиот организам ин виво. Но, за да се заклучи што се случува во човековиот организам „во живо“, мора да се направат и такви истражувања. Исто така, авторите на студијата имаат користено канцерогена клеточна линија. Ова е важно од две причини. Прво, канцерогените клеточни линии се реплицираат, а човековите клетки од црниот дроб вообичаено не се реплицираат. Она што се гледа во овие канцерогени клетки, можеби не е репрезентативно на она што би се случило во неканцерогени клетки од црниот дроб. Впрочем, и самите автори кажуваат дека се потребни дополнителни истражувања, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека има „убивање на луѓе по наредба од државни органи“. Во постот се наедува дека шведска студија докажала дека вакцините со мРНК против ковид-19, трајно и неповратно ја менуваат човековата ДНК.

Во студијата беше откриена изменета човечка ДНК во клетките на црниот дроб, ова докажува дека производството на шилести протеини никогаш не престанува и ќе продолжи да се произведува доживотно.
Враќањето веќе не е можно и не може да се поправи.
Модификацијата останува доживотно, но не би траело подолго од 3 години, поради веќе познатите проблеми со шилести протеини.
Човечката ДНК е трајно променета со вакцината и гореспоменатите проблеми неизбежно доведуваат до смрт во рок од неколку години.
Секој политичар кој повикува на задолжителна вакцинација, во крајна линија не бара ништо повеќе, од убивање луѓе по наредба на државата.
Во текот на следните две години ќе видиме невидени масовни смртни случаи.
Промените на човечкиот геном се трајни, жените во репродуктивниот период, генетските промени ги пренесуваат на своите поколенија, се наведува во постот кој е предмет на нашата рецензија.
„Вистиномер“ ја пронајде студијата којашто наводно се цитира во текстот и во видеото во склоп на постот и може да ја погледнете овде.
За неа се огласи и самиот универзитет, поточно Ланд универзитетот од Шведска. Во реакцијата на универзитетот се вели дека студијата била широко погрешно интерпретирана и двајца од авторите професор Јанг де Маринис и професор Магнус Размусен ги споделиле своите ставови.
На прашањето дали вакцината на „Фајзер“ се претвора во ДНК или не, откако ќе биде инјектирана, доктор Јанг де Маринис вели дека оваа студија не истражува дали вакцината го менува човековиот геном.
Нашата публикација е првата инвитро студија за претворањето на мРНК вакцината во ДНК во клетките од човечко потекло. Покажуваме дека вакцината влегува во клетките од црниот дроб после 6 часа од вакцинацијата. Видовме дека имаше претворање на вакцината во ДНК во клетките што ги проучувавме, вели доктор Јанг де Маринис.
Доктор Магнус Размусен вели дека овие сознанија се добиени под експериментални услови, но дека уште не е познато дали претворената ДНК се интегрира во ДНК клетките во геномот и дали има некои последици.

Авторите велат дека решиле да ги истражуваат клетките од црниот дроб бидејќи „Фајзер“ пријавиле дека 18 проценти од вакцината се акумулирала во црниот дроб 30 минути откако биле инјектирани глувци (во клиничките студии).

Едно од ограничувањата на студијата е дека не знаеме дали она што го видовме во оваа клеточна линија, исто така може да се случи и во клетки од други ткива и за ова се потребни дополнителни студии, вели доктор Јанг де Маринис коавтор на студијата.

Доктор Размусен, исто така, дополни дека клеточните линии се разликуваат од клетките во живи организми и затоа е важно слични студии да се спроведат и кај луѓето.

Размусен објасни дека нема причина да не се вакцинираат луѓето поради студијата.

Во врска со ова странски проверувачи на факти пишуваат:

Експерименталниот систем користен во студијата е вештачки. На пример, користени се канцерогени клетки од црн дроб создадени во лабораториски услови, кои не се исти како здрвите клетки во човековиот организам. Затоа резултатите од студијата не може да се трансферираат на луѓе.

Затоа не може да се заклучи дека мРНК вакцините на „Фајзер“ ја менуваат човековата ДНК. Студијата не покажа дека мРНК влегува во јадрото на клетката, а во јадрото на клетката е складирана човековата ДНК.

Нема докази презентирани во стдијата кои покажуваат дека мРНК се интегрира во геномот на клетките домаќин, вели за „Хелт Фидбек“,  Рајс Пери, истражувач на Универзитетот во Квинсленд кој студирал еволуција на вируси.

Овој експеримент во студијата е направен врз клетки во лабораторија, односно со други зборови, се работи за ин витро експеримент. Ин витро експериментите се прават цело време и се важни за давање насоки што би можело да  се случи во човековиот организам ин виво. Но, за да се заклучи што се случува во човековиот организам „во живо“, мора да се направат и такви истражувања, а не само да се каже дека е можно тоа што се случило ин витро, да се случи и ин виво.

Исто така, авторите на студијата имаат користено канцерогена клеточна линија. Ова е важно од две причини. Прво, канцерогените клеточни линии се реплицираат, а човековите клетки од црниот дроб вообичаено не се реплицираат. Она што се гледа во овие канцерогени клетки, можеби не е репрезентативно на она што би се случило во неканцерогени клетки од црниот дроб. Впрочем, и самите автори велат дека се потребни дополнителни истражувања.

Според Центарот за контрола и превенција на болести на САД  (ЦДЦ), вакцината на „Фајзер“ користи мРНК технологија која предизвикува телото да создаде спајк протеин кој предизвикува да се појави имун одговор. На веб-страницата на ЦДЦ каде се разоткриени повеќе митови за ковид вакцините, меѓу другите факти е наведено и дека „вакцините против COVID-19 не ја менуваат, ниту на некаков начин влегуваат во интеракција со вашата ДНК“.

И австралискиот Оддел за здравство, исто така, објави дека „вакцините против ковид-19 не ја менуваат вашата ДНК“.

На официјалната страница за вакцинација во Република Северна Македонија, исто така, се наведува дека мРНК вакцините не ја менуваат вашата ДНК на кој било начин.

Вакцините за Messenger РНК (мРНК) ги учат клетките како да создадат протеин што предизвикува имунолошки одговор ако некој се зарази. мРНК што се инјектира во вашето тело не комуницира со вашата ДНК. Откако мРНК ќе ја заврши својата работа, вашите клетки ја распаѓаат и расчистуваат од вашето тело. Нема трајни ефекти од мРНК во вакцината, пишува на официјалната страница за вакцинација во земјава.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е точно оти шведска студија покажала дека вакцината против ковид-19 на „Фајзер“ ја менува човековата ДНК. Дополнително, тврдењето дека за некоја година ќе бидеме сведоци на „невидени масовни смртни случаи“ како последица на вакцинацината, е целосно произволно нафрлено и има корени во теориите на заговор кои циркулираат од самиот старт на вакцинацијата, за што веќе пишувавме во „Вистиномер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Испробајте го демото на Assassin’s Creed Mirage на Epic Games до 30 април

Промоцијата на Epic Games за демото, односно trial (пробната), верзија на Mirage, најновиот наслов во Assassin’s Creed (AC) серијалот, може да се испроба до 30ти април бесплатно. Дејството на...