fbpx
Таг: вакцина против ковид-19

таг: вакцина против ковид-19

Вакцината на „Модерна“ доби дозвола во ЕУ, 13 земји-членки бараат вакцини и за Западен Балкан

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја издаде дозволата за користење на вакцината против ковид-19 на американската компанија „Модерна“, јавува Дојче Веле сервисот на македонски јазик. Станува збор за втора вакцина што е одобрена од европскиот регулатор, откако веќе беше издадена дозвола за употреба на вакцината на германската фирма „Бионтек“ и нејзиниот американски партнер „Фајзер“. Инаку, досегашните студии покажаа дека вакцината...

Брајан Пинкер (82) од Оксфорд е првиот во светот кој ја прими вакцината од Оксфорд и АстраЗенека

vakcina kovid Oxford
Брајан Пинкер, 82 годишниот пензиониран менаџер за одржување, стана првата личност во светот, кој ја прими вакцината против ковид-19, надвор од клиничките испитувања, развиена на Универзитетот Оксфорд и АстраЗенека, пишува „Гардијан“. Откако ја прими вакцината во болницата во оксфордската „Черчил“ болница во 7.30 часот, Пинкер изјави: „Вакцината ми значи сè. Според мене, тоа е единствениот начин да се вратиме во...

СЗО го одобри користењето на вакцината против ковид-19 на Фајзер и Бионтек

Светската здравствена организација (СЗО) вчера ја издаде првата итна дозвола за користење на вакцина против ковид-19. Станува збор за вакцината на Фајзер и Бионтек. Во соопштението на СЗО се вели дека ваквиот потег треба да ја отвори портата за државите низ светот во нивните регулаторни тела да ги забрзаат процедурите за увоз и имунизација со оваа вакцина. „Ова е многу...

Вакцината на Оксфорд и АстраЗенека доби дозвола за употреба во Обединетото Кралство

Британските здравствени власти ја одобрија за користење вакцината против ковид-19 на Универзитетот во Оксфорд, која се произведува во соработка со фармацевтската компанија АстраЗенека. Британската агенција за лекови даде зелено светло, соопшти Министерството за здравство во Лондон. Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб во својата изјава рече дека глобалната пандемија бара глобални решенија. „Обединетото Кралство и неговата научна експертиза се...

Вакцините против ковид-19 се очекуваат да пристигнат во првите месеци од следната година

Обезбедени се 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцинација и ревакцинација во рамки на КОВАКС механизмот, а во согласност со планот за дистрибуција, вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021 година. Започнати се преговори и за директна набавка од компании кои ги произведуваат вакцините. Предвиден е и трет механизам преку ЕУ за набавка на 200...

Вакцините против ковид-19 за Западен Балкан ќе пристигнат во исто време со вакцините за ЕУ

Европската комисија прави напори вакцините против ковид-19 да пристигнат во земјите од Западниот Балкан паралелно со нивната дистрибуција во земјите членки на ЕУ, информираше еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој утрово имаше состанок со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и колегите од регионот. Вархеји укажа дека за специфичните потреби на секоја од земјите во...

Нема докази дека вакцината против Ковид-19 предизвикува стерилитет, хомосексуалност и дека ќе ја погуби популацијата

Помина една година откако светот почна да се бори со пандемијата на КОВИД-19, а истовремено и со „инфодемијата“, која понекогаш се чини дека се шири побрзо од вирусот. Дезинформациите и непроверените информации, во текот на целата оваа криза, се развиваат во зависност од тоа како се одвиваат настаните со пандемијата. Додека фармацевтските компании „Фајзер“ и „Модерна“ гарантираат ефикасност на...

УНИЦЕФ: Ако наставниците бидат приоритет во вакцинацијата, ќе може да предаваат во живо

УНИЦЕФ смета дека наставниците треба да се приоритет за вакцината за ковид-19, откако ќе се вакцинираат здравствените работници коишто се најизложени на вирусот и населението што е во висок ризик. На овој начин, наставниците полесно ќе се заштитат од вирусот, ќе можат да предаваат во живо, и на крајот на краиштата училиштата ќе останат отворени, вели извршната директорка на...

Вистиномер: Вакцината на „Бионтек“ не е сатанистичка, оваа компанија и претходно била добростоечка

Пандемијата со коронавирусот не е лажна, во неа животот го загубија 1.58 милиони луѓе. Сопственикот на БионТек, доктор Угур Сахин, уште во 2016 година со својата сопруга, ја продале нивната фирма „Ганимед Фармасутикалс“ за 1.6 милијарди фунти. Во 2016 година немаше пандемија со Ковид-19 во светот. Компанијата „БионТек“, пак, била многу добростоечка и пред пандемијата со Ковид-19. Минатиот октомври,...

Вакцината против ковид-19 на Бионтек и Фајзер доби дозвола за употреба во САД

Шефот на Агенцијата за лекови на САД (ФДА), Стивен Хан соопшти дека ја издале дозволата за употреба на вакцината на Бионтек и Фајзер, пренесува сервисот Дојче Веле на македонски јазик. Станува збор за првата вакција што е одобрена за користење во САД, откако истата веќе доби дозвола во Велика Британија, Канада и Мексико, јавува весникот Гардијан. Вакцината на Бионтек и...

„Гардијан“: Британката Маргарет Кинан (90) е првата пациентка во светот која ја прими вакцината Фајзер-ковид-19 (видео)

Деведесет годишната Маргарет Кинан од Велика Британија стана првата пациентка во светот што ја прими вакцината Фајзер-ковид-19, која е одобрена во Велика Британија, каде НХС (британската национална здравствена служба) ја започна својата најголема кампања за вакцинирање. Како што објави британскиот весник „Градијан“, Маргарет Кинан доби инјекција околу 6,45 часот утрото во Ковентри, означувајќи го почетокот на историската програма за масовна...

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против ковид-19

Сојузот на здруженија на пензионери упатуваат апел, приоритет при вакцинирањето против ковид-19 да имаат пензионерите, како најранлива категорија лица со хронични болести и намален имунитет. „Во име на над 300.000 возрасни луѓе во нашата земја алелираме пензионерите да имаат приоритет за вакцина против ковид-19, како што е во сите земји во опкружувањето и пошироко во целиот свет,“ се вели во...

Велика Британија ја одобри вакцината на „Фајзер-Бионтек“ против корoна вирусот

Велика Британија ја одобри употребата на вакцината против корона вирусот од компаниите „Фајзер“ од САД и „Бионтек“ од Германија и нарача 40 милиони дози, објави „Дојче Веле“ сервисот на македонски јазик. Властите најавија дека вакцината ќе може да се користи од најранливите категории на граѓани почетокот на наредната недела, пренесува „Ројтерс“. „Владата денеска ја прифати препораката на Агенцијата за лекови...

Порталб.мк: Никој не планира да вметне микрочипови во нашите тела

Со почетокот на глобалната пандемија на ковид-19, започна жестока кампања на дезинформации. Во светот, бројот на жртви како резултат на КОВИД-19 надмина еден милион, додека во нашето општество сè уште се дискутира за постоењето на овој вирус. Станувајќи плен на лажни вести, многу луѓе дури стравуваат дека за време на вакцинацијата против ковид-19 ќе им се вметнат микрочипови во...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...