fbpx

Вистиномер: Нема докази дека германскиот министер за здравство добил нарколепсија од ковид вакцините

-

Видеото на кое се гледа германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах како да заспива, не докажува дека тој развил нарколепсија поради вакцините против ковид-19. Станува збор за видео извадено од контекст. Всушност, Лаутербах ја наведнува главата за да се фокусира на прашањето и за само 4 секунди тој се враќа во исправена позиција за да одговори, што може да се види доколку се погледне целосниот материјал од прес-конференцијата.  За Лаутербах не е познато, ниту е некаде објавено дека страда од нарколепсија, состојба која би била многу важна во извршувањето на неговата функција. За вакцините против ковид -19, пак, нема докази дека предизвикуваат нарколепсија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се тврди дека германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах „повторно заспал“ за време на прес-конференција.

Германскиот министер за здравство повторно (3 пати) заспал за време на прес-конференција.

Со оглед на тоа дека примил 4 дози, може да се заклучи дека добил нарколепсија, како несакано дејство на вакцините против Ковид 19, се вели во постот што го рецензираме.
Во постот се споделува и видеоматеријал на кој се наоѓа германскиот министер за здравство Лаутербах, а во видеата во повеќе наврати тој ја наведнува главата.

 

Кој е Карл Лаутербах, германскиот министер за здравство?

Тој е епидемиолог и експерт за ковид-19, кој за време на пандемијата со ковид-19 за некои претставуваше гласот на разумот, а за други неговите заложби за построги мерки предизвикаа лутина. Лаутербах за време на целата  ковид пандемија ја објаснуваше епидемиолошката ситуација и она што за ковид-19 и вакцините го кажува науката . Тој е доктор со два докторати и професор. Истражувал и предавал на Харвард Универзитетот во САД, редовно учествува во емисии дебати и држи говори, интервјуа и е активен на социјалната мрежа Твитер, понекогаш и на секој час. За време на пандемијата тој повикуваше на построги мерки и повеќе рестрикции во германските политики за справување со ковид-19. Речиси сите негови предвидувања за ковид-19 се остварија.
Во Германија тој стана универзитетски професор и директор на Институтот за здравствена економија и клиничка епидемиологија во 1999. Лаутербах стана член на Советот на експерти за развој на здравствената грижа.

Што е нарколепсија?

Нарколепсија е ретка состојба која предизвикува човек да заспие без најава. Сè уште се спроведуваат истражувања за да се испитаат ефектите на пандемијата на ковид-19 и ковид вакцината врз лицата со нарколепсија.

Тоа е ретка долгорочна состојба на мозокот која спречува луѓе да имаат вообичаен редовен сон. Иако не предизвикува долгорочни здравствени проблеми може да го афектира дневниот живот на луѓето кои ја имаат. Се јавува поради ниски нивоа на хипотекрин односно орексин во мозокот. Има два типа нарколепсија тип 1 и тип 2.

Според една студија од  2021 година, генетските предиспозиции за нарколепсија и изложеноста на вирусни инфекции може да го зголемат нивото на реакција кај имуниот систем на луѓето. Ова може да ги нападне невроните кои продуцираат орексин, а орексин го регулира сонот на човекот.

Студијата понатаму сугерира дека воспалителниот одговор од инфекција со ковид-19, може да предизвика хроничен автоимун и невродегенеративен проблем. Овие инфекции може да предизвикаат нарколепсија.

Експертите немаат направено големи студии за одговорот на оние со нарколепсија на вакцината против ковид-19. Нема докази дека вакцината против ковид 19 од кој било производител предизвикува нарколепсија.

На 10 јануари 2021 година британската организација за поддршка на лицата со нарколепсија „Нарколепси“, објави дека вакцините против ковид-19 не се ризик за лицата кои страдаат од оваа состојба. Ова доаѓа особено откако вакцината „Пандемрикс“ против свински грип во 2009 година беше поврзана со сомнеж за појава на нарколепсија кај некои луѓе. Затоа е разбирливо што повеќето луѓе имаат прашања за вакцинацијата против Сарс Ков 2 вирусот.

Сарс Ков 2 вирусот – патоген одговорен за ковид-19, е коронавирус, а не вирус на инфлуенца. Повеќето вакцини кои се против ковид-19, вклучително и трите вакцини моментално лиценцирани за употреба во Велика Британија, функционираат на начин што го стимулираат имуниот систем да произведува антитела специфични за ков 2 спајк протеинот. Поради тоа што ков 2 спајк протеинот има сосема поинаква структура од Ха 1 Ен 1 нуклеопротеинот користен во „Пандемрикс“ вакцината, нема научна причина зошто која било од моментално лиценцираните вакцини на „Фајзер“, „Астра Зенека“ и „Модерна“ би предизвикале автоимун напад на клетките што произведуваат хипокретин во мозокот, пишува на официјалната страница на организацијата.

Видеото на кое се гледа германскиот министер за здравство како да заспива, не докажува дека тој развил нарколепсија поради вакцините против ковид-19.
Станува збор за видео извадено од контекст, всушност германскиот министер за здравство, само ја наведнува главата за да се фокусира на прашањето, а не заспива. Тоа може да се види од 55 минута и 46 секунда до 55 минута и 50 секунда во целосниот материјал од прес-конференцијата за која се вели дека Лаутербах заспал. На овој дел од видеото се гледа дека министерот ја наведнува главата за интензивно да се фокусира на прашањето и за само 4 секунди тој се враќа во исправена позиција за да одговори на прашањето.
Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека нема докази дека министерот за здравство на Германија развил нарколепсија поради четири дози вакцина против ковид-19. За Лаутербах не е познато, ниту е некаде објавено дека страда од нарколепсија, состојба која би била многу важна во извршувањето на неговата функција .За вакцините против ковид -19, пак, нема докази дека предизвикуваат нарколепсија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...