fbpx
Таг: туристи

таг: туристи

Бројот на странски туристи се зголемува, а на домашни се намалува

Бројот на туристите во мај 2015 година изнесува 82.084, а бројот на ноќевањата изнесува 170.943. Во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 7,4 проценти, а бројот на ноќевања е намален за 0,1 отсто. Бројот на домашните туристи во мај 2015 година, во однос на истиот период, е намален за 2,8 проценти, а бројот на странските туристи...

Странски „туристи“ трагаат по златото на кралот Петар Први Караѓорѓевиќ во Мариово

Митовите за закопано богатство во битолскиот дел на Мариово и оваа година мамат туристи. Под превезот на туризмот, странци трагаат по златото на српскиот крал Петар Први Караѓорѓевиќ во битолскиот регион, на линијата на Македонскиот фронт од Првата светска војна, вели градоначалникот на општина Новаци, Лазе Котевски. Во Мариово и ова лето е „возбудливо“ со странски туристи и со планинари,...

Грците ќе може да вадат само 60 евра дневно, мерката нема да се однесува на туристите

Грчкиот финансиски систем од денеска е замрзнат. Во текот на денешниот ден банките и банкоматите ќе бидат целосно затворени. Банките ќе останат под клуч до вторник, а граѓаните ќе може да извлекуваат пари од утре само од банкоматите. Дневниот лимит на пари што може да се повлечат од банкоматите е само 60 евра. Грчката држава извести дека дневниот лимит на средства...

Тунис ќе затвори 80 џамии

Околу 80 џамии ќе затвори владата на Тунис поради нападот кој се случи вчера пред хотел во туристичкото одмаралиште во градот Сус. Џамиите кои ќе бидат затворени не се контролирани од државата, а премиерот на Тунис, Хабиб Есид, ги обвини џамиите дека поттикнуваат насилство и дека во рок од една недела Министерството за внатрешни работи ќе ги затвори. Одговорноста за нападот...

Девет лица загинаа при пад на мал авион на Алјаска

Девет лица, од кои осум туристи и пилот, кои тргнале да ги разгледуваат фјордовите во близина, загинале откако малиот авион со кој патувале се урнал во близина на Кечикен, на југоситочниот дел на Алјаска. Спасувачките екипи успеале да дојдат на местото на падот на авионот, но поради неповолното време и теренот, не можат да стигнат до телата на жртвите.

Кањонот и водопадите на Караорман, нова туристичка атракција во близина на Охрид и на Струга

Општина Дебрца, во соработка со македонската развојна фондација за претпријатија, која го спроведува проектот за алтернативен туризам, постави патоказни знаци и табли со информации што го означуваат движењето до водопадите по планината Караорман и по кањонот на реката Песочица. Со оваа се уредуваат шумските патишта во планината Караорман и се овозможува на љубителите на природата и на авантуризмот да ја увидат...

Отворена сезоната на капење во Охридско Езеро

Вториот јунски викенд, заедно со порастот на дневните температури, ги охрабри посмелите и помалку трпеливите да ја отворат сезоната на капење во Охрдиско Езеро. Tемпературата на воздухот викендов се искачи до 30 Целзиусови степени, додека темепратурата на водата е пониска за десетина степени. Сепак, наглото зголемување на дневната температура, многумина ги принуди разладување да побараат во сè уште студената езерска вода. Најмногу капачи...

Бројот на туристи во април зголемен за 17,6 проценти за разлика од лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2015 година изнесува 52.298, а бројот на ноќевањата изнесува 103.727.  Бројот на туристите во април 2015 година, во однос на април 2014 година, е зголемен за 17,6 проценти, а бројот на  ноќевањата е зголемен за 10,3 проценти. Бројот на домашните туристи во април 2015 година, во однос на...

Туристите не откажуваат, се зголемува бројот на резервации

Бројот на странски туристи во периодот јануари-март 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, е зголемен за 14 проценти, додека бројот на ноќевањата е зголемен за 9,6 проценти. Најголем број странски туристи во првите месеци од годинава имаме од Грција, Србија, Бугарија и од Турција. - Од почетокот на годинава ги презентиравме туристичките потенцијали на 15 интернационални саеми за...

Охриѓани преку амбасадорите ќе докажуваат дека градот им е безбеден

Охриѓани преку амбасадорите ќе докажуваат дека градот им е безбеден. Ќе ги канат дипломатските претставници на странските амбасади во Скопје, но и преку македонските амбасади бараат да се влијае во земјите од кои доаѓаат најголемиот број гости за да се уверат дека Охрид е безбеден град, во кој може да се помине летниот одмор. Со такви заклучоци заврши работниот состанок на претставници...

Во Охрид туристите сепак доаѓаат

И покрај стравувањата за поголем негативен одраз на политичко-безбедносната состојба врз посетеноста на Охрид, македонскиот туристички центар, сепак, пулсира во релативно успешна туристичка претсезона. Изминатиов викенд во Охрид слета и вториот чартер-лет од Амстердам, а со него и новата група Холанѓани. Гостите од земјите на Бенелукс, како и Данците, Австријците и Турците се најбројните туристи во Охрид. Има и Полјаци, Кинези,...

Безбедносната ситуација и ризиците за туристичката сезона

Актуелната политичка и безбедносна состојба во Македонија, особено по случувањата во Куманово минатиот викенд, го прават основано прашањето колку сето тоа ќе се одрази врз престојната туристичка сезона? Особено во Охрид, првиот македонски туристички центар. Предупредувањата и стравувањата дојдоа од официјални места. Невозможно е вакви настани што ја дестабилизраат државата да не влијаат на одлуката на гостите кои планирале да дојдат...

Британија, Швајцарија и Холандија со предупредување за безбедносни ризици при патување во Македонија

Холандските власти издадоа препораки на своите државјани што планираат да патуваат во Македонија, да бидат внимателни поради актуелните политички случувања во земјата и настаните со полициската акција во Куманово. Во препораките, објавени на интернет-страницата на холандските централни власти, се наведува дека „безбедносната состојба во земјата е стабилна“, но дека „политичките тензии се во тек“. Генерално, оцената е дека постојат безбедносни ризици при...

Бројот на туристи во март намален во однос на истиот период лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2015 година изнесува 36.160, а бројот на ноќевањата изнесува 75.150. Бројот на туристите во март 2015 година, во однос на март 2014 година, е намален за 0,4 проценти, а бројот на ноќевањата е намален за 4,5 проценти. Бројот на домашните туристи во март 2015 година, во однос на март...

Туристите не откажуваат, агенциите ги уверуваат дека е безбедно

Туризмот е меѓу првите економски гранки што може да биде погодена од безбедносната ситуација и од политичката криза во земјава. А тоа најмногу се однесува во делот од туризмот што ги опфаќа туристите кои планираат да ја посетат земјава. Туристичката агенција „Фибула“ веќе пет години носи туристи од странство и велат дека ги уверуваат гостите дека сè е под контрола. - Странските медиуми информираат во врска со...

Пристигнаа првите холандски туристи во Охрид за оваа година

Претпладнево, на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, пристигна првата група холандски туристи на охридското крајбрежје, со организирани аранжмани на тур-операторите „Корендон“ и „Фибула ер травел“. Сто и осумдесетината гости беа пречекани со посебна церемонија, на традиционален македонски начин, со сол и со погача, но и со поздравни говори. Генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Зоран Крстевски, рече дека со првиот...

Охрид: Денеска пристигнува првата група туристи од Бенелукс

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ денеска треба да пристигне првата група туристи од земјите на Бенелукс, кои годинава летниот одмор ќе го поминат на охридското крајбрежје. Станува збор за туристи кои ќе летуваат преку аранжманите што ги нуди тур-операторот „Корендон“, заедно со македонскиот партнер „Фибула травел“. За патниците на првиот чартер-лет „ТАВ Македонија“ најави пригоден пречек. За 10 мај во Охрид...

Околу 400 туристи од Македонија „заглавени“ во Истанбул

Околу 400 туристи од Македонија, кои за првомајските празници со седум автобуси заминале во Истанбул, биле задржани во два хотели бидејќи туристичката агенција што го организирала патувањето не платила за престојот, пренесува „Утрински“, повикувајќи се на информации од патниците. Според информациите на весникот, на патниците во Истанбул не им било дозволено да се вратат во Македонија бидејќи сопственикот на туристичката агенција...

Летово чекаме 10 отсто повеќе странски туристи од лани

Пред претстојната сезона, туристичките работници очекуваат повеќе странски гости од лани, а процените говорат дека бројката ќе биде поголема за 10 отсто. Првите туристи од Данска допатуваа во Охрид, а на почетокот на мај се очекуваат и традиционалните гости од Холандија и од Белгија. Директорот на Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски, очекува дека ќе имаме успешна...

Атмосферата во Охрид како во летна сезона

Убавото сончево време и мноштвото гости од земјата и од странство, во македонската туристичка метропола Охрид создадоа атмосфера карактеристична за главната летна сезона. Со автобуси и со мали приватни возила, во Охрид и во Струга допатуваа илјадници гости од Грција, Бугарија, Србија, Косово, Албанија и од други земји. Во Охрид се одмора и првата поголема група од Данска, а...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...