Бројот на туристи во април зголемен за 17,6 проценти за разлика од лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2015 година изнесува 52.298, а бројот на ноќевањата изнесува 103.727.  Бројот на туристите во април 2015 година, во однос на април 2014 година, е зголемен за 17,6 проценти, а бројот на  ноќевањата е зголемен за 10,3 проценти.

Бројот на домашните туристи во април 2015 година, во однос на април 2014 година, е намален за 5,2 проценти, а бројот на странските туристи е зголемен за 30,9 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2015 година, во однос на април 2014 година, е намален за 5,1 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 22,2 проценти.

Во периодот јануари-април 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8,7 проценти и тоа: кај домашните туристи има намалување за 7,5 проценти, а кај странските има зголемување за 19,8 проценти.

Во периодот јануари-април 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2,8 проценти и тоа: кај домашните туристи има намалување за 10,2 проценти, а кај странските има зголемување за 13,7 проценти.