fbpx

Британија, Швајцарија и Холандија со предупредување за безбедносни ризици при патување во Македонија

-

Холандските власти издадоа препораки на своите државјани што планираат да патуваат во Македонија, да бидат внимателни поради актуелните политички случувања во земјата и настаните со полициската акција во Куманово.

Во препораките, објавени на интернет-страницата на холандските централни власти, се наведува дека „безбедносната состојба во земјата е стабилна“, но дека „политичките тензии се во тек“.

Генерално, оцената е дека постојат безбедносни ризици при патување во Македонија.

Холандските туристи се известуваат дека во Скопје, секоја вечер се одржуваат демонстрации пред зградата на Владата, Собранието и пред објектот на Јавното обвинителство и им се препорачува да „се движат подалеку од овие згради“.

Туристите се предупредуваат дека антивладини демонстации има и во другите градови, со известување дека за 17 мај се планираат „големите демонстрации“, кои ќе се одржат во Скопје.

Се препорачува Куманово да се избегнува како дестинација, како и патувањето до границата со Косово, по линијата Тетово – Скопје – Куманово.

Амбасадите на Велика Британија и на Швајцарија, исто така, излегоа со посебни препораки за своите државјани што планираат да дојдат во Македонија.

На веб-страницата на британската амбасада се наведува дека викендов македонската полиција спровела акција против вооружени групи во Куманово, кои резултирале со вооружени борби во кои, како што се наведува, „наводно имало жртви“. Амбасадата наведува дека забележливо е зголемено полициско присуство во реонот на Куманово, движењето се одвива отежнато, но патот од Скопје кон Србија е отворен, како и границата. Во соопштението се повикуваат британските државјани да ги избегнуваат овие места додека трае операцијата.

Британската амбасада наведува дека од февруари постои политичка криза во Македонија и оти се одвиваат протести кои веројатно ќе продолжат да траат веројатно и по мај.

Швајцарската амбасада во своите препораки за патување во Македонија наведува дека зголемената политичка конфронтација меѓу власта и опозицијата ги зголемува политичките и општествените тензии и оти е можна појава на немири. Се порачува пред да се патува во Македонија, да се информираат преку медиумите за ситуацијата, да ги следат препораките на властите и да ги избегнуваат демонстрациите од кој било вид кои можат ескалираат. Амбасадата, исто така, не го исклучува ризикот за појава на терористички напади.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...