fbpx

Бројот на туристи во март намален во однос на истиот период лани

-

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2015 година изнесува 36.160, а бројот на ноќевањата изнесува 75.150. Бројот на туристите во март 2015 година, во однос на март 2014 година, е намален за 0,4 проценти, а бројот на ноќевањата е намален за 4,5 проценти.

Бројот на домашните туристи во март 2015 година, во однос на март 2014 година, е намален за 13,5 проценти, а бројот на странските туристи е зголемен за 8 проценти.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2015 година, во однос на март претходната година, е намален за 13 проценти, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 1,8 отсто.

Во периодот јануари- март 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4,6 проценти и тоа: кај домашните туристи има намалување за 8,4 проценти, а кај странските има зголемување за 14 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...