fbpx
Таг: туристи

таг: туристи

Велигденски гости во Охрид и во Струга

Повеќе стотици гости, најголемиот дел од Грција, но и од Албанија, Бугарија, Србија и од други земји, престојуваат на брегот на Охридското Езеро, на празничен, велигденски викенд. Најпосетен, со околу 150 гости од Грција, е хотелот „Дрим“ во Струга. Во Охрид туристите се сместени, главно, во помалите хотели. Ладното време и снегот што и денеска паѓа на околните планини, не ги спречи...

Данците ја отворија претсезоната во Охрид

Со првата поголема група туристи од Данска, во Охрид е отворена туристичката претсезона. Тие престојуваат во охридскиот хотел „Тино“, каде беа пречекани со погача, локум и со македонска ракија, а беше послужено и охридско ѓомлезе. Данците, видно изненадени од гостопримливиот пречек, рекоа дека за Охрид и за Македонија се информирале преку интернет. Првата група дански туристи во Македонија ќе престојува...

Преку посебен софтвер ќе се регистрираат и заштитуваат личните податоци на туристите

Податоците за туристите што престојуваат во хотелите, Општина Тетово ќе ги добива електронски. Локалната самоуправа преку посебен софтвер ќе се информира од каде е туристот, колку престојува, кој пол е и слично. Името и презимето, броевите на личната карта и пасошот на туристот, нема да се објавуваат за да се заштитат неговите лични податоци. Овој електронски начин на добивање податоци е дел од...

Во Бразил загинаа 50 туристи

Откако туристички автобус падна во провалија длабока 400 метри во Бразил, загинаа педесетина луѓе. Во автобусот, според организаторот на патувањето, имало околу 50 туристи, но полицијата претпоставува дека бројката е поголема. Несреќата се случила во државата Санта Катарина, во Јужен Бразил. Според првичните информации, возачот загубил контрола врз автобусот.

„Труд“: Македонија дава до 35 евра за бугарски турист

Македонската влада ги субвенционира бугарските тур-оператори кои организираат групни патувања во Македонија, соопшти вчера во Софија, Кристијан Џамбазовски, директор на македонската Агенцијата за промоција и развој на туризмот. - Субвенции се даваат за организиран туризам кон Македонија, со автобус, воз и со авион. Сите форми на транспорт се опфатени - посочи за бугарскиот весник „Труд“ Џамбазовски, кој присуствува на меѓународниот саем „Одмори...

Мозаиците во Хераклеја, магнет за странските туристи

Мозаиците во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис крај Битола беа вистински магнет за илјадниците странски и домашни туристи во изминатата година. Како никогаш досега, минатата година туристите го имаа тоа задоволство да ги видат сите мозаични површини во античкиот локалитет, кои се простираат на исклучително впечатлива површина од 1.300 квадратни метри. Археологот Аница Ѓорѓиевска, автор на повеќе трудови за Хераклеја,...

Охриѓани за Водици очекуваат повеќе од 30.000 посетители

Големиот православен христијански празник Богојавление – Водици, на охриѓани треба да им донесе повеќе од 30.000 посетители, најавија од локалната самоуправа и од Здружението „Богојавление“, кои заеднички ја подготвуваат програмата што ќе трае пет дена, со многу културно-уметнички содржини, но и со религиозните обичаи во духот на старата охридска традиција. Најголемиот дел од гостите се очекува да дојдат од соседните...

Нов хотел во центарот на Охрид

Македонскиот туристички центар Охрид, на почетокот на 2015 година доби нов сместувачки капацитет на атрактивна крајезерска локација во центарот на градот. Станува збор за хотелот „Сити палас“, кој располага со стотина легла и со прекрасен крајезерски ресторан. Охрид деновиве се очекува да биде исполнет со гости од Грција и од Бугарија, кои традиционално доаѓаат за Божик, а се очекува и...

Божикна навалица на јужните соседи во Охрид и во Струга

Убавото, сончево време и католички Божик, во крајезерските Охрид и Струга донесоа поголеми групи гости од соседството. Најмногу од Грција, но ги имаше и од Албанија. Репортерот на новинската агенција „Мета“, нивното присуство го регистрираше по шеталишето на езерскиот кеј, градското пристаниште, старата чаршија и во продавниците, како и по терасите на рестораните и на кафулињата. Пред хотелските објекти и...

Зголемен бројот на туристи во Македонија

За 5,2 отсто повеќе туристи ја посетиле Македонија во првите десет месеци од годинава и оствариле за 2 процента поголем број на ноќевања во однос на истиот период лани. Бројот на домашни туристи е зголемен за 3 отсто, а на странските за 6,9 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, во земјава во октомври годинава вкупно престојувале 62.079 туристи, кои...

Охрид во аранжманите на најексклузивни светски туристички оператори

Македонската туристичка и летна културна мека, Охрид, се најде во туристичките аранжмани што ги нудат најексклузивни туристички оператори од светот, за 2015 година. Најчесто, тој е дел од понудата за балкански тури, во кои Македонија се нуди во туристички пакет со Косово и со Албанија, објави порталот „Охрид њуз“. Еден од најстарите американски туристички оператори, „Кутрубс травел“ (Кutrubes travel) од Бостон, го...

Жељко Јоксимовиќ, кум на Водици 2015 во Охрид

Балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ и бизнисменот Зоран Милески, неофицијално, се новите кумови на манифестацiјатa Богојавление - Водици 2015, што охриѓани ја организираат со поддршка на Дебарско-кичевската епархија на МПЦ-ОА. Иако здружението на граѓани „Богојавление“, одлуката за тоа кој ќе биде новиот кум на Водици и на богојавленските празници, официјално, ќе ја објави в четврток, на 4 декември, сепак во...

Зголемен бројот на туристи

Бројот на туристите во септември 2014 година изнесува 66.033, а бројот на ноќевањата изнесува 156.554, покажуваат резултатите на Државниот завод за статистика. Бројот на туристите во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, е зголемен за 3,5 проценти, а бројот на ноќевањата остана на исто ниво. Бројот на домашните туристи во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...