fbpx
Таг: туристи

таг: туристи

За 11 проценти зголемен бројот на туристи

Во трите квартали од 2015 година, бројот на туристи во Македонија е зголемен за 11,2 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот од јануари до септември годинава, во земјава се регистрирани за 5,6 проценти повеќе домашни гости и за 15,4 проценти повеќе странски посетители. Во деветте месеци, Македонија ја посетиле вкупно 672.286 туристи.    

Бројот на туристи зголемен за 11,2 проценти во однос на лани

Бројот на туристите во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, е зголемен за 20 проценти, а бројот на ноќевањата е зголемен за 17,7 проценти, објави Државниот завод за статистика. Бројот на туристите во септември 2015 година изнесува 79.218, а бројот на ноќевањата изнесува 184.262. Бројот на домашните туристи во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година,...

Русија за 24 часа евакуирала 11.000 туристи од Египет

Руските власти во последните 24 часа од Египет евакуирале 11.000 руски туристи, изјави денеска заменик-премиерот на Русија, Аркадиј Дворкович. Се очекува да се вратат уште поголем број туристи, рече Дворкович и додаде дека денеска уште поинтензивно ќе се транспортираат руски граѓани. Околу 80.000 Руси останаа „заглавени“ во Египет, најмногу во Хургада и во Шарм ел Шеик, откако официјална Москва ги суспендираше...

27 туристи загинаа во бродска несреќа во Канада

Брод со туристи вчера потона во Западна Канада. Бродот носел 27 луѓе во близина на Тофино, на туристичка тура за набљудување китови, кога во еден момент почнал да тоне. Во несреќата 21 лице се спасени, пет се мртви, а едно лице се води како исчезнато.

„Трип адвајзор“: Скопје најпосетено од туристите, Охрид на второ место

На врвот на листата на македонски градови што странските туристи најмногу ги посетуваат, се наоѓа Скопје, а потоа следат Охрид, Битола, Струга, Тетово и Струмица. Во Охрид туристите се најмногу воодушевени од Охридското Езеро и од црквата „Св. Јован Канео“, како и од националниот парк Галичица, заклучува најпознатата светска страница за информирање на туристите, „Трип адвајзор“. Во Струга, која е на четвртото...

Во август Охрид го посетиле 16 проценти повеќе гости

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат зголемен број туристи и ноќевања во македонскиот туристички центар Охрид. Вкупниот број на туристите во август оваа година во Охрид, во однос на август 2014 година, е зголемен за 16,1 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 14,7 отсто. Бројот на домашните туристи во август, исто така, е зголемен и тоа за 13 отсто, а...

Бројот на туристите во август зголемен за 16,1 отсто во однос на лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2015 година изнесува 168.851, а бројот на ноќевањата изнесува 722.624. Бројот на туристите во август 2015 година е зголемен за 16,1 отсто во однос на август 2014 година, а бројот на ноќевањата е зголемен за 14,7 проценти. Бројот на домашните туристи во август 2015 година, во однос на август 2014...

Охрид солидно посетен, на плажите како во сезона

Македонскиот туристички центар Охрид викендов е солидно посетен, додека сликата од плажите е како во тек на главната туристичка сезона. Најбројни се посетителите од странство, но допатуваа и помал број викенд-туристи од земјата. Во новоотворениот хотел „Тино“ во туристичката населба Свети Стефан, велат дека до 26 мај, немаат место „ниту за лек“. Овој современ објект, со отворен и со затворен базен, ексклузивен бањски центар е хит...

Мексиканските туристи тврдат дека во Египет биле нападнати од авион

Туристите од Мексико кои утринава по грешка беа нападнати од египетската војска, на амбасадорот на нивната земја му соопштиле дека биле мета на авионски напад. Тоа го изјави секретарката за надворешни односи на Мексико, Клаудија Руис Масје, и потврдила дека во нападот загинале двајца туристи, а шест луѓе се ранети. Таа на прес-конференцијата за новинари рекла дека Мексиканците настрадале во...

Бројот на туристите до јули, зголемен за 7,9 проценти во однос на истиот период лани

Бројот на туристите во јули 2015 година изнесувал 119.742, а бројот на ноќевањата 520.283, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Бројот на туристите во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, е зголемен за 11,7 проценти, а бројот на ноќевањата е зголемен за 8,6 проценти. Бројот на домашните туристи во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година,...

Египетската војска по грешка уби 12 туристи

За време на антитерористичките акции на западот на земјата, египетските сили за безбедност по грешка отвориле оган врз возила во кои се наоѓале туристи, при што убиле 12 лица, а раниле десет Мексиканци и Египќани, објави египетскиот министер за внатрешни работи. Војската била во потрага по „терористички елементи“ на тоа подрачје, кога настанала забуната и го нападнале конвојот од четири...

Општина Пустец доби туристичко бродче на соларен погон

Општина Пустец, за промоција на туристичките вредности на општината, почна да користи туристичко бродче. На пуштањето во употреба присуствуваа градоначалникот Едмонд Темелко и жители на општината. - Соларното бродче е заеднички проект на Општина Пустец, единствена на етничките Македонци во Албанија, и на Општина Преспа од Грција, потпомогнат од ИПА-фондовите на Европска унија за погранична соработка – вели за „Мета“ Васил Стерјовски,...

За две години само 500 туристи ја посетиле реставрираната Саат-кула во Гостивар

Саат-кулата во Гостивар, откако пред две години беше реставрирана, ја посетиле околу 500 туристи, од кои поголемиот број биле странски посетители. Од Конзерваторскиот центар од Гостивар велат дека е потребно преку разни проекти да се промовираат културните добра за да се побуди интересот на туристите. - Конзерваторскиот центар работи на промоција на културните вредности на градот. Неодамна, преку посебен проект, беше изработена и...

Две третини од холандските туристи легнаа болни во Струга

Десетици холандски туристи кои се на одмор во Македонија се разболеле од мистериозен вирус, кој предизвикува повраќање и дијареја, јавува онлајн изданието на „НЛ Тајмс“. Весникот наведува дека две третини од холандските туристите наместо да бидат на базен или на плажа, се заглавени во тоалетите во нивните хотелски соби во „Изгрев Спа и Аква парк“. - Трпезаријата е речиси празна. Скоро на...

СДСМ: Не се остваруваат ветените проекти и ова не е успешна туристичка сезона

Ниту се остваруваат ветените проекти, ниту е ова успешна туристичка сезона, порача од денешната прес-конференција претседателот на охридските социјалдемократи, Томислав Тунтев. – Вистината и реалноста се поразителни. За 28 месеци, градоначалникот Бакрачески и власта на ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да реализираат ниту еден проект од тие што во нивната изборна програма беа ветени како приоритетни и капитални. Дополнително, годинешната летна сезона...

Хотелиерите бараат да се почитува забраната за издавање станови на туристи

Хотелиерите и граѓаните на Охрид бараат да се почитува забраната за издавање станови на туристи во згради за живеење. Во согласност со измените во Законот за угостителска дејност, општините не смеат да издаваат нови решенија за станоиздавачи во колективни станбени згради за живеење. Во најголемиот туристички центар во земјата, Охрид, такви има 420. На десетици од нив им се...

Топлото време и продолжениот викенд го преполнија Охрид

Топлото време и августовскиот продолжен, празничен викенд го преполнија Охрид, кој се претвори во тешко прооден град. Нема сомнеж дека ова ќе биде самиот шпиц на главната туристичка сезона, за која од локалната самоуправа велат дека ќе биде една од најуспешните воопшто. Претпладне се создава метеж и редици со долги колони возила во правец на плажите. Попладне е обратно. Навечер се...

Притворен Босанец и двајца Срби поради кражби во охридски хотел

Двајца српски и и еден државјанин на Босна и Херцеговина се осомничени од охрдиската полиција дека ограбиле фински и американски државајни во хотелот „Ди англо“ во Охрид. Како што информираат од полицијата, станува збор за босанскиот државјанин Д.Л. (38) и за В.Р. (65) и Р.С. (51) од Србија, против кои се поднесени пријави за кражба. Според полицијата, на 22 јули оваа...

Охрид: Плажите преполни, водата во езерото чиста и топла

Дење топло, но сè уште подносливо, навечер свежо за прошетки и за седенки по кафулињата и во рестораните. Во ваква атмосфера нашиот туристички центар Охрид ја живее главната сезона, со многу гости од земјата и од странство. За време на викендите, нови бранови гости од Битола, Скопје и од други македонски градови, го посетуваат Охрид, создавајќи метеж и редици со долги...

За лондонски „Телеграф“, Охрид е пристапна дестинација за летен одмор

За лондонски „Телеграф“, Охрид е релативно пристапна дестинација за летен одмор. Британските туристи сè повеќе ги истражуваат дестинациите на Балканот, пишува британскиот весник „Телеграф“. Според истражувањето на британските туристички агенции, за туристите од Велика Британија најпристапни се цените на аранжманите за Турција, Бугарија и за Македонија. Охрид и Македонија се на средината на листата по пристапните цени за летување. Истражувањето го...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...