fbpx

Две третини од холандските туристи легнаа болни во Струга

-

Десетици холандски туристи кои се на одмор во Македонија се разболеле од мистериозен вирус, кој предизвикува повраќање и дијареја, јавува онлајн изданието на „НЛ Тајмс“.

Весникот наведува дека две третини од холандските туристите наместо да бидат на базен или на плажа, се заглавени во тоалетите во нивните хотелски соби во „Изгрев Спа и Аква парк“.

– Трпезаријата е речиси празна. Скоро на сите маси има само по еден човек, затоа што нивните придружници лежат в соба – изјавила Рина Топ – Боувер за холандскиот весник „Телеграф“.

Коен ван Бесоув, кој во петокот со своето семејство пристигнал во хотелот истото го изјавил за „Ен-О-Ес“.

– Во трпезаријата видов само неколку лица како седат на масите. Сите беа Холанѓани. Кога прашав што се случува, ми кажаа дека имаат дијареја и повраќаат. Речиси 80 отсто од Холанѓаните во хотелот се болни во моментов – изјавил Ван Бесоу, додавајќи дека и тие се заразиле и оти четири дена се болни.

Хотелот има 700 гости, од кои во моментов има 290 Холанѓани кои патувале со агенцијата „Коредон“.

Досега 20 лица се јавиле во компанијата за да пријават дека се болни. Сите заболени биле третирани за дијареја.

Директорот на агенцијата, Атолај Услу, за холандски „Телеграф“ изјавил дека вирусот веројатно е од „нешто во базенот“. Сепак, тој истакна дека не е доктор за да може се сигурност да ја потврди причината за заразата.

„Мета“ контактираше со хотелот од каде ни изјавија дека изминатите денови имало стомачен вирус од кој освен холандските туристи биле заболени и луѓе од персоналот. Оттаму тврдат дека се работи за вирус кој во моментов го има во Струга и нема никаква поврзаност со хотелот и Аква паркот.

– Имаше вирус, но последниве два дена нема ниту еден заболен – ни изјавија од рецепцијата на хотелот „Изгрев“.

Од таму тврдат дека е исклучена можноста за труење со храна, иако случајот воопшто не бил пријавен во некоја институција.

Од Општата болница во Струга потврдуваат дека деновиве има стомачен вирус во градот.

– Пред некој ден имавме еден пациент, само на инфузија, но нема метеж од странски пациенти со стомачен вирус. Пред некој ден Итната помош беше во хотелот каде што се сместени туристите и интервенираше – ни изјави Ментор Ибраими, директор на болницата во Струга.

Концесионер на „Изгрев Спа и Аква парк“ е туристичката агенција „Фибула Ер Травел“, која кон крајот на 2012 година со Скопската епархија на МПЦ склучи договор за концесија за хотелот на период од 50 години.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...