fbpx
Таг: туристи

таг: туристи

Амбасадата на САД во Турција предупредува на терористички напади во Истанбул и во Анталија

Амбасадата на САД во Турција денеска ги информираше своите граѓани дека има сознанија за реални закани од терористички напади во туристичките зони во Истанбул и во јужниот град Анталија. Во соопштението објавено на интернет-страницата на Амбасадата на САД во Турција, пишува дека треба особено да се внимава на плоштадите и на кејовите. Амбасадата апелира граѓаните да ги следат и локалните медиуми.

Зголемен бројот на туристи во Охрид

  Во јануари најбројни гости во Охрид биле странските туристи од Албанија, Грција, Србија и Турција. Бројот на туристи во јануари, во однос на истиот месец од минатата година, е зголемен за 16,3 отсто. Зголемен е и бројот на ноќевања за 20,2 проценти. Бројот на домашните туристи во јануари 2016 година е зголемен за 14,8 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен...

Бројот на туристи во јануари изнесува 38.162

Бројот на туристите во јануари изнесува 38.162 и во однос на истиот месец лани е зголемен за 16,3 отсто, а бројот на ноќевањата е 78.667 и во однос на јануари 2015 година е зголемен за 20,2 отсто, објави Државниот завод за статистика. Бројот на домашните туристи во јануари 2016 година, во однос на истиот месец лани е зголемен за 14,8...

Туристи пронашле делови од изгубениот малезиски авион во Мозамбик

Туристи од Јужна Африка тврдат дека пронашле дел од исчезнатиот авион на малезиската авиокомпанија „Малезија ерлајнс“ од летот МХп370 на плажа во Мозамбик. Каспер Лотер изјавил дека неговиот син Лијам, во близина на градот Ксајксај во Мозамбик, нашол парче од авионот на кој се наоѓа петцифрен број и оти го зел со себе кога се вратиле дома. Семејството Лотер го конкаткирале...

Туристичката понуда на Македонија претставена во Србија

Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот ја претставува туристичката понуда на Македонија на саемот за туризам во Белград, Србија, од 18 до 21 февруари. Претставници од Агенцијата оствариле средба со неколку српски туристички оператори, со кои разговарале за можноста за регионални вински и културни кружни тури. Бројот на туристи од Србија во Македонија бележи постојано зголемување од 4 до 6 проценти на годишно ниво во...

Девизниот ефект и бројот на ноќевања се намалуваат и покрај зголемениот број на туристи

Наспроти зголемувањето на бројот на странски и на домашни туристи, во првите девет месеци од 2015 година се забележува пад на девизниот ефект за 25 проценти, во однос на истиот период во 2014 година. - Откако се почна со субвенционирање на странските тур-оператори од 2010 до 2014 година, имавме постојан пораст на девизните ефекти од туристите, што не беше случај во првите девет месеци...

Бројот на туристи лани е зголемен за 10,9 отсто во однос на 2014 година

Како што објавува Државниот завод за статистика, бројот на туристи лани е зголемен за 10,9 отсто во однос на 2014 година. Кај домашните туристи има зголемување за 6,5 отсто, а кај странските за 14,2 отсто. Во периодот јануари-декември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за девет отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 6,6...

Охрид меѓу 30 најубави мали градови во Европа

Интернет-страницата „Телеграф травел“, која постојано ги информира своите читатели за најдобрите дестинации што треба да се посетат низ светот, го вбројува Охрид меѓу 30 најубави мали градови во Европа. Изборот на листата со градови е направен од 300 туристички агенции од Јапонија кои сметаат дека наведените градови во Европа се најубави и се дестинации што „мора“ да се посетат. „Охрид, град во Македонија, кој...

Македонија лани ја посетиле 25.000 бугарски туристи, а во Бугарија отишле 470.000 Македонци

Министерот за економија, Беким Незири, одржa билатерална средба со делегација на Бугарија, предводена од министерката за туризам, Николина Ангелкова, на тема продлабочување на туристичката соработка меѓу двете земји. - Бројот на туристите од Бугарија во Македонија последниве три години се зголемува во континуитет и лани достигна 25.000, но оваа бројка во споредба со бројот на македонските туристи што ја посетиле Бугарија...

Грчкиот туризам полека излегува од криза

Грчкиот туризам и приливот на странски туристи во Грција се движел во нагорна линија изминатата година. Грчкиот завод за статистика објави дека во 2015 година имало повеќе од 26 милиони странски туристи и посетители. Бројот на македонски туристи, стандардно, бил во пораст и минатата година. Според бројките на Заводот за статистика, од Македонија имало 2,7 милиони посетители, односно за 26,1 отсто...

Бројот на туристи лани поголем за 10,3 проценти во однос на 2014 година

Во периодот јануари-ноември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10,3 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Кај домашните туристи има зголемување за 5,4 проценти, а кај странските има зголемување за 13,9 проценти. Во периодот јануари-ноември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е...

Општина Охрид ќе го субвенционира пријавувањето домашни и странски туристи

Секторот за туризам и локален економски развој при локалната самоуправа во Охрид ќе го стимулира пријавувањето домашни и странски туристи. Во согласност со годишната програма, секторот ќе покрива дел од уплатената такса за привремен престој на домашните и на странските туристи, за физички лица вршители на угостителска дејност од мал обем во општина Охрид. Целта на оваа активност е поттикнување на...

Тројца туристи повредени при нападот на хотелот во Хургада

Двајца туристи од Австрија и еден од Шведска биле повредени во нападот што вечерва се случил во хотелот „Бела виста“ во Хургада. Три вооружени лица го извршиле нападот, а до хотелот пристигнале по морски пат. Според информациите на официјалните лица, двајца од терористите влегле преку ресторанот на хотелот, а при пресметката со полицијата, еден од нив бил убиен. Иако напаѓачите, наводно, носеле знаме...

Северна Кореја отвори безвизна зона за кинески туристи

Северна Кореја, на брегот на реката Апнок во Синуј, отвори безвизна зона за кинеските туристи, јавуваат кинеските медиуми. Кинеските посетители ќе можат да се задржат еден ден и, покрај во купување, да уживаат и во севернокорејските специјалитети, но нема да можат да одат во други делови од земјата. Туристичката зона од 130.000 квадратни метри се наоѓа на место каде неодамна е завршен мостот...

Охрид и Струга полни за новогодишните празници

Најмалку 10.000 гости во Охрид и уште 5.000 во Струга, ги исполнија сместувачките капацитети за продолжениот празничен новогодишен викенд. Охрид одамна не памети ваков интерес за Нова година. Сите хотели се полни, а во централното градско подрачје и во крајбрежната зона се бара легло повеќе и во приватното сместување. Најголемиот број од гостите се од земјата, но повеќе илјади допатуваа од...

Холанѓаните, традиционално, најбројни странски туристи во Охрид

Секторот за туризам и за локален економски развој при Општина Охрид, во посебна анализа, направи согледувања за структурата на гостите во првиот македонски туристички центар. Според ова истражување, скопјани и гостите од Холандија се најбројни на охридската ривиера. Обработените податоци укажуваат на фактот дека најголем број домашни гости доаѓаат од Скопје, дури 40 проценти. Потоа, следуваат туристите од Прилеп, Битола,...

САД го заострија визниот режим за туристи од 38 земји

САД го засилија визниот режим за туристите од 38 држави, од кои 30 се европски. Мерката која беше преземена по терористичките напади во Париз минатиот месец, се содржи во законот за буџетот за следната година, која била донесена од Конгресот на САД и потпишана од претседателот Барак Обама вчера. Според усвоената мерка, туристите од овие 38 развиени земји нема да...

Бројот на туристи до октомври зголемен за 10,1 отсто во однос на лани

Бројот на туристите во октомври 2015 година изнесува 61.655, а бројот на ноќевањата изнесува 142.503, објави Државниот завод за статистика. Бројот на туристите во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, е намален за 0,7 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 0,9 отсто. Бројот на домашните туристи во октомври 2015 година, во однос на истиот период лани,...

Охрид денеска „се капеше“ во сонце, на плус 15 ноемвриски степени

Охриѓани и малиот број туристи пријатно ги изненади сончевото и тивко време, иако за денеска беше најавен облачен и врнежлив ден. Напладне температурата на воздухот се доближи до 15 Целзиусови степени, што е навистина реткост и привелегија бидејќи ги трошиме последните денови на ноември и влегуваме во официјалниот зимски период. Пријатниот сончев и невообичаено топол ден за овој период од годината,...

Групата Ал мурабитун ја презеде одговорноста за инцидентот во Бамако

Терористичката џихадистичка група Ал мурабитун ја презеде одговорноста за инцидентот во хотелот „Радисон блу“ во Бамако. Ал мурабитун е група што ја сочинуваат државјани од северните региони на Мали и на нејзино чело се наоѓа поранешен припадник на Ал каеда, Мухтур Белмухтар. Точноста на тврдењата на оваа група сè уште не може да биде потврдена, пренесува „Ројтерс“. Според последните информации, вооружените напаѓачи ослободиле 80...

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Словачките новинари стравуваат дека обидот за атентат на премиерот Роберт Фицо може да доведе до уште поголема поларизација и задушување на независните гласови. Неколку високи политичари од владејачката коалиција...