fbpx

Македонија лани ја посетиле 25.000 бугарски туристи, а во Бугарија отишле 470.000 Македонци

-

Министерот за економија, Беким Незири, одржa билатерална средба со делегација на Бугарија, предводена од министерката за туризам, Николина Ангелкова, на тема продлабочување на туристичката соработка меѓу двете земји.

– Бројот на туристите од Бугарија во Македонија последниве три години се зголемува во континуитет и лани достигна 25.000, но оваа бројка во споредба со бројот на македонските туристи што ја посетиле Бугарија е многу мала. Нашата тенденција е да најдеме начин да се зголеми – изјави министерот Незири по средбата.

Македонија лани ја посетиле 25.000 бугарски туристи, а во Бугарија отишле 470.000 Македонци.

Министерот Незири и бугарската министерка за туризам Ангелкова разговарале за надминување на разликата во овие бројки, но и за подготвување квалитетни туристички услуги што ќе привлечат туристи од трети земји.

Како што информираше Незири, формирани се мешовити работни групи, кои за 15 дена треба да соопштат конкретни предлози за заеднички атрактивни туристички понуди и нивна заедничка промоција, како и проекти и активности што би ја подобриле бизнис-климата во туризмот.

– Ќе ги поканиме и другите соседи од регионот да се приклучат кон нашиот заеднички производ – напомена бугарската министерка Ангелкова.

Таа оцени дека денешната средба е уште една потврда за добрите односи меѓу Македонија и Бугарија во областа на туризмот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...