fbpx
Таг: туристи

таг: туристи

Охрид го живее шпицот на главната туристичка сезона

Викендов Охрид го живее шпицот на главната туристичка сезона. Традиционално, Охрид доживува кулминација на туристичкото и културно-забавно пулсирање, за илинденскиот викенд. Со оглед на фактот што 2 Август годинава е во работен ден, во вторник, на гостите им преостана да го искористат овој викенд. Петокот вечерта и саботата наутро, во Охрид се влегуваше со илјадници автомобили, пред сè, од Скопје, Битола, Кичево...

Туристичката соработка на земјите од регионот е важна за развојот на туризмот

За креирање заеднички туристички понуди за настап на трети пазари, за зголемување на бројот на туристи и за туристичката соработка помеѓу земјите, разговараа претседателот на туристичко-угостителската комора при Сојуз на стопански комори ССК, Аркан Керим, и амбасадорите на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и на Албанија во Македонија. - Нашата цел е продлабочување и интензивирање на туристичката соработка помеѓу земјите и...

Во мај во Охрид најбројни биле туристите од Турција

Гостите од Турција ѝ дадоа печат на претсезоната во Охрид. Во мај, најголем бил бројот на туристи од оваа земја, што се случува првпат досега. Веднаш по турските туристи, следуваат оние од  Србија, Бугарија и од Грција, кои во мај, исто така, во голем број го посетиле Охрид. Во овој период е забележано зголемување на бројот на посетителите што доаѓаат од азиските...

Бројот на туристи до мај поголем за 11,1 отсто во однос на истиот период лани

Во првите пет месеци од годината бројот на туристи е зголемен за 11,1 отсто во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Кај домашните туристи има зголемување за 12,5 проценти, а кај странските има зголемување за 10,4 проценти. Во овој период, во споредба со истиот период лани, бројот на ноќевањата е зголемен за 12,2 проценти и тоа кај домашните туристи...

Претстојниот викенд ќе го наполни Охрид

Со чиста и релативно топла вода во езерото и со богата културно-забавна понуда, македонскиот туристички центар Охрид престојниов јулски викенд го очекува првиот голем бран туристи. Синоќа, со отворањето на Балканскиот фолклорен фестивал, практично почна богатото охридско културно лето, кое кулминацијата ја најавува за 12 јули, Петровден, кога традиционално се отвора меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето“. Во прилог на бројните гости од земјата и од...

Нападите не го намалија бројот на чартер-летови од Скопје за Турција

И покрај влошената безбедносна состојба и зачестените терористички напади во Турција, граѓаните не се откажуваат од летувањето во најбараната туристичка дестинација, Анталија, информираат од туристичките агенции во Македонија. - Во Анталија немало терористички напади, туристите не се плашат и не ги откажуваат аранжамните. Секој ден има чартер-летови кои се полни. Граѓаните ги користат намалените цени во хотелите бидејќи ги нема туристите од...

Подобрување на патната инфраструктура бараат туристичките работници

Подобрување на патната инфраструктура, како и спречување на нелојалната конкуренција од поединци нерегистрирани за туристичка дејност или т.н. „човек-агенција“ во Струга и во Охрид, бараат туристичките работници во насока на подобрување на домашната туристичка понуда. - За нас е приоритет изградбата на автопатот Кичево - Охрид за подобро инфраструктурно поврзување на Скопје и на Охрид. Но, за развој на бањскиот и...

Русија е подготвена да разговара со Турција

Русија е подготвена да разговара со турските власти на секое ниво, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев, а пренесува „Спутник“. Според него, на Русите треба да им се овозможи да летуваат во Турција уште оваа сезона, но неопходно е да се реши прашањето поврзано со безбедноста. - Станува збор за тоа да им се помогне на нашите луѓе кои сакаат да летуваат...

Охриѓани не ги откажуваат туристичките аранжмани во Турција

Меѓу охриѓани нема откажувања за туристичките патувања и пакет-аранжмани за Истанбул и за другите туристички дестинации во Турција, по последниот терористички напад на истанбулскиот аеродром „Ататурк“. Од туристичката агенција „Венус травел“ информираат дека во моментов има туристи од Охрид кои се на летување во Турција, но се наоѓаат на други туристички локации, далеку од истанбулскиот аеродром. – Засега нема откажувања на...

Единаесет лица загинаа во невреме во Русија

Единаесет лица загинаа, од кои 10 се деца, во несреќа на езерото Карелија во рускиот Пријажинскиот Регион, соопшти руската полиција. Спасувачките екипи успеале да спасат 11 лица, а се трага по уште четворица туристи. Руските медиуми јавуваат дека силна бура го зафатила северозападното езеро, при што погодени биле 49 туристи. Туристите, меѓу кои имало деца на возраст од 12 до 15...

Зголемен бројот на туристи за 14,4 проценти во првиот квартал во однос на истиот период лани

Бројот на туристи во првиот квартал од годинава, во однос на истиот период лани, е зголемен за 14,4 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 17,9 проценти, а кај странските има зголемување за 12,5 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во периодот јануари-април 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен...

Израелски туристи ќе уживаат во Охрид

Првата група на израелски туристи утре ќе пристигнат во Охрид. Од „ТАВ Македонија“ информираат  дека групите туристи од Израел во Охрид ќе престојуваат со посредство на израелскиот туристички оператор „Аркиа интернационал“. Израелските туристи на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ќе бидат пречекани од министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, генералниот менаџер на „ТАВ Македонија“, Зоран Крстевски, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески,...

Што поскапува во Грција со новите мерки?

Бран поскапувања ја очекуваат Грција летово со изгласаната мерка за зголемување на данокот на додадена вредност на 24 отсто за голем број услуги и производи. Зголемувањето на данокот ќе се одвива во неколку етапи, почнувајќи од јули годинава, па сè до јануари 2018 година. Оваа мерка се очекува да внесе во државната каса 1,8 милијарди евра од поскапувањата на производите и на услугите. Првиот бран...

Во првите три месеци бројот на туристи зголемен за 16,7 проценти во однос на лани

Во периодот јануари-март 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16,7 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 18,4 проценти, а кај странските има зголемување за 15,8 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во периодот јануари-март 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата...

Регионалната конференција за активен туризам во Охрид

Од денеска до 12 мај во Охрид се одржува првата Регионална конференција за активен туризам. На собирот, кој се одржува под мотото „Знаење, партнерство“, присуствуваат повеќе од 200 претставници од јавниот и од приватниот сектор од 12 дестинации од Југоисточна Европа, кои ќе се поврзат со веќе потврдени 45 меѓународни туристички оператори од 16 земји. Конференцијата има цел да го поттикне избивањето на Балканот...

Холандските туристи ја најавија летната сезона во Охрид

Претпладнево, првите 180 туристи од Амстердам, Холандија, пристигнаа во Охрид на аеродромот „Св. Апостол Павле“ со чартер-летот на компанијата „Корендон“. Од „ТАВ Македонија“ истакнуваат дека се презадоволни што чартер-летовите со холандски туристи се реализираат веќе шеста година по ред. - Очекуваме ова лето „Корендон“ да носи туристи од Холандија, на почетокот со два лета неделно, а потоа во екот на сезоната, во...

Полицијата во Охрид најави зголемени мерки на безбедност

Продолжениот велигденско-првомајски викенд во Охрид го користат повеќе илјади гости од земјата и од странство. Дека е градот солидно исполнет, можеше да се види денеска, кога затолпувањето на времето ги наполни терасите од рестораните, градскиот кеј, старата охридска чаршија, сите шеталишта и крајезерскиот кеј. Најголемиот број од гостите се од земјата, но ги има и од соседството, од Србија, Бугарија, Грција,...

Охрид се наполни со туристи

Во Охрид и покрај нестабилното, променливо и врнежливо време, допатуваа голем број гости кои овде ќе го минат продолжениот велигденско-првомајски викенд. Хотелиерите се пофалија дека распродале повеќе од 90 проценти од своите капацитети. Приватните издавачи на станови нудат сместување по цени од 400 денари за кревет, до 50 евра за дневен закуп на апартман со повеќе легла. Најголемиот број од гостите се од земјата,...

Германија ги предупредува своите државјани да внимаваат што зборуваат во Турција

Германските власти ги предупредија своите граѓани да се воздржат од негативни коментари на сметка на Турција и на нејзината власт за време на посетата на оваа земја. Предупредувањето доаѓа по скандалот со сатиричната песна за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Германското министерство за надворешни работи денеска издаде специјална препорака за германските туристи во Турција, на кои им се советува да...

Се зголемува бројот на туристи и на ноќевања

Бројот на туристите во февруари 2016 година изнесува 32.467, а бројот на ноќевања e 72.385. Во однос на истиот месец лани, бројот на туристите е зголемен за 9,2 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 16,2 отсто, објави Државниот завод за статистика. Бројот на домашните туристи во февруари 2016 година, во однос на истиот месец лани, е зголемен за 17,6...

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...