fbpx

САД го заострија визниот режим за туристи од 38 земји

-

САД го засилија визниот режим за туристите од 38 држави, од кои 30 се европски. Мерката која беше преземена по терористичките напади во Париз минатиот месец, се содржи во законот за буџетот за следната година, која била донесена од Конгресот на САД и потпишана од претседателот Барак Обама вчера.

Според усвоената мерка, туристите од овие 38 развиени земји нема да имаат право да влезат во САД без виза, ако неодамна биле во Ирак, Сирија, Иран или Судан.

Меѓу земјите се и Белгија и Франција, на чии државјани не им беа потребни визи за влез во САД, но се најдоа на оваа листа бидејќи најголем дел од терористите од Париз се токму од овие две земји.

Постојаниот претставик на ЕУ во САД, Дејвид О‘ Саливен, се закани со реципрочна мерка. Тој побарал петте земји-членки на Европската унија, кои не се дел од американската програма за безвизен режим, да бидат вклучени во неа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....