fbpx

За лондонски „Телеграф“, Охрид е пристапна дестинација за летен одмор

-

За лондонски „Телеграф“, Охрид е релативно пристапна дестинација за летен одмор. Британските туристи сè повеќе ги истражуваат дестинациите на Балканот, пишува британскиот весник „Телеграф“.

Според истражувањето на британските туристички агенции, за туристите од Велика Британија најпристапни се цените на аранжманите за Турција, Бугарија и за Македонија.

Охрид и Македонија се на средината на листата по пристапните цени за летување. Истражувањето го смести македонскиот туристички центар Охрид во листата на дестинации со релативно пристапни цени и туристичко-угостителска услуга.

Цените за одмор во Турција и во Бугарија се пониски од оние во земјите од еврозоната, дури и земајќи ја предвид во моментов силната фунта. Според истражувањето, цените во еврозоната се паднати најмногу во одморалишта како Пафос (25,7 проценти), потоа Сончев Брег во Бугарија, како втора најевтина можна дестинација кога станува збор за летување.

„Телеграф“ направил споредба на цените во Турција, Бугарија и во Македонија со земјите во Западна Европа. Семејна вечера во бугарски ресторан чини помалку од 30 фунти, додека во Сорен, Италија, еден Британец треба да плати повеќе од 70 фунти.

Изгледа дека загриженоста за излегување на Грција од еврозоната и евентуална несигурност на монетарни обединување имаат мал ефект врз цените во најпопуларните туристички дестинации за британските туристи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...