fbpx
Таг: студентски стандард

таг: студентски стандард

Објавен е конкурсот за студентски стипендии

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави Конкурсот за студентски стипендии за академската 2023/2024 година. И за оваа академска година предвидени се вкупно 3.000 стипендии. За редовните студенти од социјални категории, во Прва група, се наменети вкупно 1.470 стипендии. За студентите кои постигнале особено висок успех, а се запишани на факултет од научните подрачја на техничко-технолошките, биотехничките, медицинските науки...

Студентите кои пропуштиле, од денеска може повторно да аплицираат за субвенциониран оброк

Од денеска, па сè до вторник, 7 ноември, студентите што досега не успеале да се пријават и да го остварат правото на субвенциониран студентски оброк, можат тоа да го сторат преку порталот „е-услуги“ на Министерството за образование и наука (МОН). За оваа мерка може да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат следниве услови: да се државјани на Република Северна...

Картичките за субвенциониран оброк може да се подигнуваат и во сабота, а ќе се користат од понеделник

Наменските платежни картички за користење на средствата за субвенциониран студентски оброк, студентите кои ги исполниле условите за остварување на ова право ќе може да ги подигнуваат во филијалите на Шпаркасе банка и во текот на утрешниот ден – сабота, 30 септември. Вака информираа од Министерството за образование и наука (МОН). Од таму упатуваат апел до сите студенти кои сè уште...

Бруцошите од денеска може да аплицираат за субвенциониран студентски оброк

Од денеска студентите во прва година – бруцошите и оние студенти што не запишале летен семестар може да аплицираат за субвенциониран студентски оброк. За оваа мерка може да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат следниве услови: да се државјани на Република Северна Македонија, да се редовни студенти на додипломски студии на државните или приватните универзитети, да не се во...

Субвенциониран оброк: 60 отсто од студентите ги подигнале картичките, МОН со апел до останатите

Околу 60 отсто од студентите кои ги исполниле условите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк досега ја подигнале наменската платежна картичка преку која единствено може да се користат средствата кои им следуваат, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН) по добиени информации од Шпаркасе банка, која беше одбрана да го спроведува платниот промет за оваа мерка. МОН...

Мета.мк открива: Каде сè ќе може да се користат картичките за субвенциониран студентски оброк?

Повеќе од 21.000 студенти досега аплицирале на платформата „е-услуги“ на Министерството за образование и наука (МОН) за добивање на субвенциониран студентски оброк. Од нив, до овој момент се одобрени 17.633 барања односно над 83 отсто од сите поднесени, додека одбиени се нешто над 900 барања. Останатите 2.626 апликации поднесени во вториот рок во моментов се обработуваат и по нив...

Студентите да ги подигнат наменските картички за субвенциониран оброк, повика Шаќири

Без подигнување на наменска студентска „Visa“ картичка, студентите нема да можат да ги користат средствата по основ на субвенциониран оброк. Сите апликанти кои го оствариле ова право и за тоа добиле потврда од Министерството за образование и наука (МОН) треба електронски да ги ажурираат своите податоци на платформата на Шпаркасе банка и потоа да појдат во филијалата која ќе...

Мензата во „Пелагонија“ сè уште не ги отворила вратите за студентите, се чека да заврши вселувањето

Тринаесет дена откако започна вселувањето во студентските домови, мензата во домот „Пелагонија“ во Скопје сè уште не почнала со работа. Студентите реагираат што плаќаат станарина за септември, а и покрај тоа не можат да го искористат правото на два оброка во денот. Од студентскиот дом велат дека оброци нема затоа што бројката на студенти што живеат таму „осцилира“, па...

Шаќири: Од октомври 300 студенти ќе престојуваат во новиот студентски дом во Тетово

Студентите на Универзитетот во Тетово од академската 2023/2024 година ќе може да престојуваат во нивниот нов студентски дом. Ова денеска го напиша министерот за образование и наука Јетон Шаќири на неговата страница на Фејсбук. Според Шаќири, овој студентски дом „веќе фигурира на листата на државните студентски домови како ДСД Тетово каде студентите аплицираат онлајн“. Меѓутоа, во конкурсот за сместување на студенти...

Објавен е повикот за аплицирање за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2023/2024 година. Министерството ги повикува да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат условите: кои се државјани на Република Северна Македонија, кои се редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети, кои не се во редовен работен однос,...

Почна исплатата на последните субвенции за студентски оброк за годинава

Денеска започна исплатата на субвенционираниот студентски оброк за јуни – последниот месец од академската година за кој студентите добиваат средства по овој основ. За овој месец на трансакциските сметки на студентите легнуваат по 3.080 денари, што претставува највисок износ досега исплатен за оваа намена. Овие средства се последни што студентите ќе ги добијат за оваа академска година, но и последни...

Парите за јуни за субвенциониран студентски оброк ќе бидат исплатени следната седмица

Средствата по основ на субвенциониран студентски оброк за месец јуни ќе бидат исплатени следната недела, информираа за Мета.мк од Министерството за образование и наука (МОН), откако упативме прашање за тоа која е причината што последната исплата на средства за оваа академска година доцни со недели. ОД МОН велат дека во моментов се обработуваат податоците на студентите добиени од другите институции,...

Започна исплатата на последната рата од студентските стипендии за годинава

Денеска започна исплатата на последната рата од државните стипендии што ги добиваат студентите на додипломски студии, потврдија повеќе студенти за Мета.мк. Се очекува во наредниве денови стипендиите да им бидат исплатени на сите студенти. Со ова, МОН ги заокружува сите финансиски обврски кон студентите, кога се во прашање стипендиите за оваа учебна година. Предвидено е студентите во една академска година да...

По прашањата на Мета, МОН им исплати средства за оброк на студентите кои чекаа со месеци

После три месеци чекање и само една недела откако новинската агенција Мета.мк испрати прашања до Министерството за образование и наука (МОН), десетици студенти ги добија средствата за субвенциониран студентски оброк што државата им ги должеше од март. Електронскиот систем за аплицирање не го ажурира статусот на апликациите навремено кај сите студенти, но и покрај тоа, од МОН тврдат дека...

Бесплатен јавен превоз: Ќе се отстрани ли дискриминацијата врз студентите од приватните универзитети?

Индиректна продолжена дискриминација врз основа на личен и општествен статус извршил Град Скопје врз студентите од приватните универзитети, со тоа што не им овозможил бесплатен јавен превоз, како што е случај со нивните колеги од државните високообразовни установи. Ова го утврдила Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) откако двајца студенти од Куманово поднеле претставки, во кои велат...

Почна исплатата на субвенционираниот студентски оброк за мај

Денеска започна исплатата на субвенционираниот студентски оброк за мај. На своите сметки студентите добиваат средства во висина од 2.940 денари – највисокиот износ што досега го добиле по оваа основа. Потсетуваме дека од минатиот субвенционираниот студентски оброк изнесува 140 денари, наместо 120 колку што изнесуваше до март. Субвенционираниот оброк на месечно ниво ќе се исплаќа заклучно за месец јуни, по што...

Мета факт: Исполнето е ветувањето за зголемен субвенциониран студентски оброк, но системското решение ќе почека

Ветувањето на министерот за образование и наука Јетон Шаќири дека износот на субвенциониран студентски оброк ќе се зголеми на најмалку 140 денари дневно е исполнето, откако студентите од април почнаа да ја добиваат повисоката сума. Истовремено, најавата дека од март ќе почне да се применува системското решение со кое студентите ќе купуваат субвенциониран оброк директно од давателите на услугата, не...

„Молкум“ укинати стипендиите за магистрите и докторантите

Само една година откако ги воведе, Министерството за образование и наука (МОН) ги укина стипендиите за студентите запишани на втор и трет циклус студии на домашните високообразовни установи. Иако беше најавено дека конкурси за овие видови стипендии ќе има, надлежното министерство очигледно се предомислило, без јавно да ја сподели одлуката. Властите, сепак, не пропуштија во повеќе прилики да се...

Мета факт: Никако да почне реновирањето на студентските домови

Долгоочекуваното и големо најавувано реновирање на студентските домови во земјава, со кое тие треба да станат „современи и енергетски ефикасни“, никако да почне. Од првата, стартот на градежните работи сега се одложува за втората половина од годинава. Иако проектната документација за домовите кои треба да бидат реновирани во првата фаза е изработена, надлежните сега најавуваат нов рок за почеток...

Студентите денеска ги добија на сметка и парите за оброк и парите за стипендии

Студентите денеска на своите сметки ги добија декемвриските пари за субвенциониран студентски оброк. За последниот месец од календарската 2022 година, студентите на сметка добиваат по 2.520 денари. Започна исплатата и на стипендиите за студентите кои во академската 2022/2023 го продолжија правото на стипендија. Тие на сметка добиваат средства за четири месеци, односно за месеците октомври, ноември, декември и јануари. МОН во...

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...