Почна исплатата на субвенционираниот студентски оброк за мај

Субвенционираниот оброк на месечно ниво ќе се исплаќа заклучно за месец јуни, по што од септември е предвидено да почне да се применува системското решение

Илустрација: Мета.мк

Денеска започна исплатата на субвенционираниот студентски оброк за мај. На своите сметки студентите добиваат средства во висина од 2.940 денари – највисокиот износ што досега го добиле по оваа основа.

Потсетуваме дека од минатиот субвенционираниот студентски оброк изнесува 140 денари, наместо 120 колку што изнесуваше до март.

Субвенционираниот оброк на месечно ниво ќе се исплаќа заклучно за месец јуни, по што од септември е предвидено да почне да се применува системското решение, од кога студентите со посебни дигитални картички ќе купуваат оброци кај регистрирани даватели на услугата во определени периоди од денот.