fbpx
Таг: Специјален јавен обвинител

таг: Специјален јавен обвинител

„Твитер“: Катица го урна „Гугл“, Македонија си доби KATwoman

Jавната обвинителка, Катица Јанева, која рано утринава беше избрана за специјален јавен обвнител, е вистинска енигма. Освен името и кратка биографија, за јавната обвинителка од Гевгелија на пребарувачот „Гугл“ не може да се најде ни фотографија, што предизвика низа реакции на социјалните мрежи. https://twitter.com/VlatkoVasilj/status/643691368334893056 https://twitter.com/BazeLazevski/status/643690866721296384 https://twitter.com/BBozh/status/643690005869801472 https://twitter.com/mindplumber/status/643689563794358272 https://twitter.com/apostolov80/status/643689321531351040 https://twitter.com/KureNaTocak/status/643674676779200513 https://twitter.com/EStavrevska/status/643682379043876864 https://twitter.com/arheologinja/status/643682820590800896 https://twitter.com/Plavaaa/status/643683838410014720 https://twitter.com/sinisa_goliOtok/status/643683831141240832 https://twitter.com/pilula12/status/643683207020453888 https://twitter.com/MajkaNaZmejovi/status/643680625623465984 https://twitter.com/dimanovski/status/643681054629490688 https://twitter.com/The_BB_/status/643679900818403328 https://twitter.com/Gjavolot/status/643679012032802816 https://twitter.com/b0stan/status/643668446480343040 https://twitter.com/Gjavolot/status/643667899136253952 https://twitter.com/bakraci/status/643695014044942336 https://twitter.com/Mee_Yah_/status/643698889443426304

Партиите договорија нов закон и име за специјален обвинител

По маратонските разговори на работните тимови на преговарачките групи, партиите утрово постигнаа договор за посебен закон за специјалниот јавен обвинител, дознава „Мета“ од извори блиски до преговарачките тимови. Како што дознаваме, постигнат е договор и за името на специјалниот обвинител, за кое се очекува да биде соопштено денеска. Според процедурата, законот би требало денеска веќе да се најде пред пратениците во...

„Ајде“ со мирен собир ќе му даде поддршка на специјалниот јавен обвинител

Платформата за граѓанска политика „Ајде“ утре, во 18 часот, пред Собранието на Република Македонија, ќе организира мирен собир со кој ќе му даде поддршка на специјалниот јавен обвинител, но и јавно ќе ги соопшти очекувањата. „Ние, граѓаните на Република Македонија, целосно сме посветени и истрајни во битката за правда, слобода и за демократија. Ова треба да му биде јасно на специјалниот јавен...

Милошоски: Разговорите се сериозни, правиме сè што можеме

Сериозни се разговорите, правиме сè што можеме, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пред почетокот на денешната средба на работните групи од партиите потписнички на Договорот од Пржино, за избор на специјален обвинител, што се одржува во Клуб на пратеници. На средбата со претставниците од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА, се и белгискиот олеснувач Питер ван Хојте, амбасадорот на САД, Џејмс...

„Цивил“: Груевски и неговата партија го кршат Договорот од самиот почеток

Невладината „Цивил“ бара итен прогрес во преговорите и почитување на крајните рокови предвидени со политичкиот договор, како и продолжување на крајниот рок за одржување на изборите. „Еден ден пред крајниот рок, да се постигне согласност за избор на специјален обвинител, очигледно, нема прогрес. Бараме таа „една од најголемите политички партии“ конечно да го прифати Договорот во полза на иднината на оваа...

Тендерите ќе го закочат специјалниот јавен обвинител

Политичките партии потписнички на Договорот од Пржино имаат уште еден ден за избор на специјален јавен обвинител и законска рамка за негово изгласување во Собранието на Република Македонија. Според информациите до кои дојде „Мета“, и синоќа немало некое поместување за оваа точка, а копјата најмногу се кршат за бројот на заменици-обвинители. На маса е и предлог од белгискиот олеснувач Питер ван Хојте, како...

Во денешните преговори за специјален обвинител, вклучен и евроамбасадорот Орав

Денеска продолжија преговорите на работната група за избор на специјален јавен обвинител. На преговарачкиот тим му се придружи и евроамбасадорот Аиво Орав, кој во Клубот на пратениците наизменично разговараше со претставниците на сите партии. Пред малку, маратонските разговори беа прекинати за да се даде време за дополнителни консултации. Сите го почитуваат договорот за молчење сè до постигнувањето целосна усогласеност за...

Специјалниот обвинител ќе има тим обвинители, преговорите продолжуваат

По вчерашните маратонски преговори на работните групи, кои траеле до 2 часот по полноќ, договор нема, но има приближување на позициите за едно од најспорните прашања - тимот со кој ќе работи обвинителот. Претставниците на партиите потписничкии на Договорот од Пржино договорија дека специјалниот обвинител ќе има тим обвинители кои заедно со него ќе работат на аферата со прислушување и на случајот...

Ахмети: Специјалниот обвинител ќе се избере во вторник

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за весникот „Коха“, вели дека специјалниот обвинител ќе биде избран во вторник, како што е пропишано со Договорот од Пржино, а негов предлог е специјалниот обвинител да има осум заменици обвинители во својот тим и тројца од нив да бидат Албанци. - Од првиот ден изразивме подготвеност да се презентираат потенцијалните кандидати за оваа важна...

ВМРО-ДПМНЕ одбива специјалниот обвинител да формира сопствен тим

Владејачката партија одбивала специјалниот обвинител да формира сопствен тим со кој би работел, објави „Нова“. Порталот пишува дека најмалку десет обвинители се потребни во тимот на специјалниот обвинител затоа што голема е веројатноста да има потреба од покренување истражни дејства и во странски држави. Настрана тоа, ако тој обвинител е сам, нема да биде возможно никаква работа да заврши без...

Шилегов: Нема бегање од изборот на специјален јавен обвинител

Мое лично, непартиско мислење е дека треба да се врати стариот изглед на објектот на зградата, изјави Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање дали СДСМ планира да го врати стариот изглед на Владата на Македонија. Шилегов рече и дека нема да се избега од изборот на специјален јавен обвинител. - Бегање од изборот на специјален јавен обвинител нема,...

Калајџиев: Да не влеземе во стапицата дека сè мора да заврши до 15 септември

„Мислам дека целава приказна лошо ја води опозицијата - и понатаму да ги држи на страна професионалните здруженија и НВО-секторот. Ние сме доведени во ситуација да се одлучува за еден суштински закон, кој ќе има влијание на историјата на Македонија - дали ќе успее да почне одново да се создава правната држава. Јавноста не треба да влезе во стапица дека рокот...

Во СДСМ се изненадени од изјавата на премиерот за специјалниот обвинител

И во опозицискиот СДСМ се изненадени од вчерашната изјава на премиерот Никола Груевски, во врска со изборот на специјален јавен обвинител. Оттаму велат дека досега од ВМРО-ДПМНЕ инсистирале да се избере само специјален обвинител и не прифаќале дека тој треба да има и стручни соработници, ниту, пак, други работи кои му се потребни за да може независно да работи, па и...

Заев: Идната година во вистинска слобода да го дочекаме Денот на независноста

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од партиска делегација, Денот на независноста го прослави со граѓаните во месноста Три Круши. Заев, на присутните им кажа дека делегацијата го посетила гробот на Киро Глигоров и својот говор го почна цитирајќи го првиот македонски претседател со говорот што го одржа на денот кога беше прогласена независноста. Претседателот на опозицијата кажа пред граѓаните...

Груевски: Специјален обвинител мора да се избере

„Договорот од 2 јуни, како и протоколот од 15 јули, мора целосно и да се спроведат и да завршат со парламентарни избори на 24 април идната година, по кои никој нема да може да има алиби и да не ги признава резултатите. Доста ѝ е на Македонија од бојкоти и од политичари кои немаат доблест да излезат пред нивната...

Сите теми под мраз додека не се избере специјален обвинител

Работните групи на политичките партии за Договорот од Пржино, до 15 септември нема да разговараат за изборните закони и правила, туку целата енергија ќе ја насочат кон прашањето за специјален јавен обвинител, дознава „Мета“ од извори инволвирани во преговарачките тимови. Партиите се договориле приоритет да му дадат на ова прашање, поради најблискиот рок кој треба да се испочитува од Договорот...

Партиите денеска продолжуваат со преговорите за специјалниот обвинител

Работните групи со претставници на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска продолжуваат со преговорите за избор на специјален јавен обвинител, кој, според договорот, треба да ги истражи наводите од содржината на прислушуваните разговори што ги објави опозицијата. Специјалниот јавен обвинител, во мометот е „најжешката“ тема околу која разговараат работните групи, а чие именување, според Договорот од Пржино, треба...

Заев: Оптимист сум околу постапката за избор на специјален јавен обвинител

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, изрази оптимизам дека на почетокот од наредната недела преговарачките тимови на политичките партии ќе ги усогласат ставовите околу законот за јавниот обвинител, кој треба конечно да влезе во собраниска процедура и да се изгласа најдоцна до 15 септември, рок предвиден со Договорот од Пржино. Според Заев, во преговарачките тимови постојат концептуални разлики околу институцијата специјален јавен...

Странците му се најверниот сојузник на специјалниот обвинител

Расправата што овие три дена ја водат дел од правните експерти, опозицијата и Основниот суд Скопје 1 околу законитоста на суспендирањето на снимките од „бомбите“ на опозицијата како доказен материјал, во „жижата“ на мегданот, за момент, ги фрли и медиумите. Основниот суд Скопје 1 завчера испрати соопштение во кое ја брани одлуката на судијата на претходна постапка, но не испушти да...

Работни групи: Специјалниот обвинител ги одложи изборните закони

Работните групи на политичките партии за Договорот од Пржино, интензивно преговараат околу изборот на специјален јавен обвинител, дознава „Мета“ од извори инволвирани во преговарачките тимови. Поради тоа се закочени средбите за изборните закони, кои, според најавите, треба да продолжат денеска во Клубот на пратениците. Според информациите што ги добивме, има мало поместување околу преговорите за специјален обвинител и тој ќе се избира според...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...