fbpx

Во денешните преговори за специјален обвинител, вклучен и евроамбасадорот Орав

-

Денеска продолжија преговорите на работната група за избор на специјален јавен обвинител.

На преговарачкиот тим му се придружи и евроамбасадорот Аиво Орав, кој во Клубот на пратениците наизменично разговараше со претставниците на сите партии. Пред малку, маратонските разговори беа прекинати за да се даде време за дополнителни консултации. Сите го почитуваат договорот за молчење сè до постигнувањето целосна усогласеност за измените на законот за обвинителство.

Како што пишува „Алсат-М“, вчера на преговорите се приклучил и поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.