fbpx

Русите денеска гласаат на локални и на регионални избори

-

Денеска во 21 субјект на Руската Федерација ќе бидат избрани првите луѓе на регионите. Во единствениот ден за гласање, ќе бидат определени новите состави на 11 регионални парламенти и пратеници во 23 административни центри, а исто така ќе се одржат и голем број општински избори.

Изборните власти ги забранија опозициските кандидати за законодавните избори во три региони, тврдејќи дека не исполнуваат одредени технички услови, така што руската опозиција успеа да обезбеди кандидат само во еден регион, но и таму се соочува со притисоци од Кремљ.

На гласање ќе излезат 51 милион граѓани, кои ќе избираат помеѓу кандидати од 55 партии, претежно од власта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.