fbpx

„Цивил“: Груевски и неговата партија го кршат Договорот од самиот почеток

-

Невладината „Цивил“ бара итен прогрес во преговорите и почитување на крајните рокови предвидени со политичкиот договор, како и продолжување на крајниот рок за одржување на изборите.

„Еден ден пред крајниот рок, да се постигне согласност за избор на специјален обвинител, очигледно, нема прогрес. Бараме таа „една од најголемите политички партии“ конечно да го прифати Договорот во полза на иднината на оваа земја. Однесувањето на „едната од најголемите политички партии“ е неприфатливо. Јавноста не мора премногу да размислува за да извлече заклучок која е таа политичка партија. Очигледно е дека премиерот Никола Груевски и неговата политичка партија го кршат Договорот од самиот почеток. Ние, „Цивил“ – Центар за слобода, уште еднаш го упатуваме барањето да се продолжи крајниот рок за одржување на изборите, предвидени за 24 април 2016 година, бидејќи владејачките партии веќе ги пробија сите други крајни рокови и го прекршија Договорот. Затоа, на нашата земја ѝ треба повеќе време да се подготви за слободни избори, а, пред сѐ, итна имплементација на политичкиот договор“, се вели во соопштението од „Цивил“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...