На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ слободни 10.678 места за упис на факултетите

Фото: Арбнора Мемети

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го објави Конкурсот за упис на факултетите во учебната 2021/2022 година.

На факултетите на УКИМ во Скопје, во прва година на прв циклус студии, во учебната 2021/2022 година може да се запишат 10.678 студенти.

Првиот рок за пријавување на кандидатите кои се рангираат само според успехот во средното образование е 31 август и 1 септември 2021, а на оние кои се рангираат според успехот од средно и според проверка на знаења и умеења е на 26 и 27 август 2021.

Вториот рок за пријавување е 16 и 17 септември, а третиот на 28 септември 2021.