недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: упис | 11 резултати

Со амин на Адеми, сите одлични основци ќе бидат примени во „Орце Николов“ без тестирање

јуни 20, 2019

Сите ученици со сите петки, кои се пријавиле за упис во скопската гимназија „Орце Николов“, нема да полагаат квалификациони тестови и ќе бидат примени во постоечките паралелки. Ова е последната одлука на надлежните во Министерството за образование и наука (МОН), по денешната средба со родителите на ученици кои поднеле документи за упис во ова училиште. […]

Во „Орце Николов“ за 285 места се пријавиле 400 одлични основци – квалификационо тестирање в петок

јуни 18, 2019

Основците кои се пријавиле за да учат во гимназијата „Орце Николов“ ќе полагаат квалификационен тест в петок. Оваа одлука била донесена откако за 285 слободни места, се пријавиле дури 400 ученици од кои со сите петки се 330, а останатите имаат по една или две четворки. Ова е прв случај после многу години квалификационо тестирање […]

МОН ги проширува квотите за упис во „Орце Николов“ и во „Раде Јовчевски-Корчагин“

јули 3, 2017

Министерството за образование и наука соопшти дека се проширува квотата за запишување ученици во прва година во скопските гимназии „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски-Корчагин“. Во гимназијата „Орце Николов“ МОН ја проширува квотата за една паралелка и дозволува упис на сите ученици кои постигнале најмалку успех од 74,68 поени, а аплицирале во првиот уписен рок, на […]

Студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе може да се запишуваат преку мобилен телефон

август 12, 2016

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) од Штип ќе запишува нова генерација на студенти преку новата електронска платформа која денеска беше претставена на јавноста. Средношколците кои сакаат да се запишат на некој од факултетите преку платформата ќе може да ги внесат своите лични податоци, по што ќе одговараат на прашањата кои се однесуваат на државната матура. Целата процедура со […]

МОН објави конкурс за упис на државните универзитети

јуни 22, 2016

Министерството за образование и наука објави конкурс за упис во јавните високообразовни установи за академската 2016/2017 година. На петте државни универзитети има 24.356 слободни места, од кои 13.536 места се наменети за редовни студенти во државната квота, 7.327 места за редовни студенти што ќе ги кофинансираат студиите и 3.493 слободни места за вонредни студенти. – Датумите […]

Матурантите ќе се запишат на факултет за знаење

мај 27, 2015

Најголем дел од идните студенти ќе се запишат на факултет за да стекнат повеќе знаење во областа што ги интересира, покажува анкетата на порталот „Факултети“ направена меѓу 446 матуранти. Според резултатите, 27 проценти од анкетираните матуранти како втора причина за запишување на факултет ја одбрале дипломата бидејќи сметаат дека полесно ќе им донесе вработување, а 18 […]

Упис на првачињата во 2015/16 година

мај 13, 2015

Во тек е уписот на првачиња за учебната 2015/2016 година во сите основни училишта во Република Македонија. Запишувањето на првачињата во прво одделение важи за сите деца што до крајот на календарската година ќе наполнат шест години, односно сите деца кои се родени во 2009 година. Детето може да се запише во прво одделение и доколку […]

Страна 1 од 1