fbpx
Таг: Специјален јавен обвинител

таг: Специјален јавен обвинител

Амбасада на Германија: Специјалниот обвинител да има целосна автономија и пристап до сите материјали

Германската амбасада во Македонија денеска соопшти дека има големи очекувања во врска со именувањето на специјалниот обвинител на 15 септември, утврдено со договорите од 2 јуни и од 15 јули. - Ова именување претставува важна обврска од споменатите договори, бидејќи специјалниот обвинител треба да обезбеди независна, транспарентна и сеопфатна правна разврска на обвиненијата за тешките престапи што произлегуваат од телефонските снимки....

Груевски: Договор за специјалниот обвинител што поскоро е наш интерес

„Да се заврши договарањето околу специјалниот обвинител што поскоро е наш интерес. Да се тргне таа магла што СДСМ ја фрла дека вака или онака ќе било. А тоа го прават за да го охрабрат нивното демотивирано членство, кое и со право е демотивирано“, изјави денеска премиерот Никола Груевски. За решението на судот да ги отфрли прислушуваните материјали како доказ во...

Европската комисија го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието

Европската комисија го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието. Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, рече дека сега е време Собранието да почне да работи на реформските приоритети во интерес на целата земја. - Ние го поздравуваме фактот дека опозицијата сега е вратена во Собранието. Знаете дека тоа е дел од Договорот посредуван од Европската унија, кој беше постигнат во јуни...

Без напредок на денешна средба за специјален јавен обвинител

Тричасовната средбата на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино заврши без изјави. Претставниците на политичките партии, белгискиот експерт Питер ван Хојте, ирскиот олеснувач Џејмс Хамултон и  американскиот обвинител за организиран криминал и корупција Џон О`Саливен го напуштија Клубот на пратеници, без да откријат дали има некаков напредок во однос на горливото прашање за Специјален јавен обвинител,...

Заев: Граѓаните ќе добијат ако Македонија е една изборна единица

Големите политички партии ќе изгубат ако Македонија биде една изборна единица, но во таков случај добиваат граѓаните, парламентарната демократија и реално, преку моделот со една изборна единица, повеќе нема да се случи да има моќни фигури како што беше Груевски во Македонија. Ова денеска го изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ на средба со граѓаните во Пехчево. - Овој период мора...

Јашари: Да се донесе нов Закон за специјалниот јавен обвинител

Прашањето за специјалниот јавен обвинител кој е дел од преговорите на работните групи и од Договорот од Пржино најдобро ќе се реши со усвојување на нов закон, смета министерот за правда, Аднан Јашари, објавува „Алсат М“. Според министерот ако се донесе нов закон нема да има конфликт со надлежности на Јавното обвинителство. Ако четирите политички партии кои преговараат не покажат волја...

Специјалниот обвинител во лимбо: Кој може и кој смее да биде?

Посебен закон за специјален јавен обвинител или избор на вршител на оваа функција, кој ќе ги истражува наводите за криминал што произлегуваат од аферата „Прислушување“, по актуелната законска регулатива, во моментов е главниот мегдан околу кој се кршат ставовите на четирите партии - потписнички на Договорот од Пржино. Од договорот околу ова прашање зависи и личноста која ќе биде избрана...

Денеска во Клубот на пратеници ќе се кршат копјата за специјалниот јавен обвинител

Денеска во 13 часот прeтставниците од политичките партии потписнички на Договорот од Пржино ќе се сретнат во Клубот на пратениците да разговараат за специјалниот јавен обвинител. Социјалдемократите вчера категорично демантираа дека разговараат со личности кои би биле кандидтати за обвинител. - Се уште не разговараме за имиња, затоа што е несериозно тоа да се прави без да се донесе прво закон...

Ван Хојте: Имавме солидна и интересна дискусија

Заврши средбата на претставниците на политичките партии на која се разговараше за специјалниот јавен обвинител. На средбата присуствуваше белгискиот експерт и олеснувач Питер ван Хојте. Како што јави „Телма“, претставниците на партиите по состаникот заминале без да соопштат детали, додека пак белгискиот олеснувач дискусијата ја нарекол солидна и интересна. - Денеска не можам да дадам никаков коментар. Имаше многу интересна, многу солидна...

Почна средбата на работните групи за специјалниот обвинител

Започна средбата на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино. Средбата се одржува во Клубот на пратеници, а тема на денешниот состанок е специјалниот јавен обвинител. Претставници на СДСМ се Рената Дескоска и Оливер Спасовски, а на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски и Никола Тодоров. ДУИ ја претставуваат Артан Груби и Муса Џафери, а ДПА Имер Алиу и Беким Фазлиу. Засега,...

ДУИ до крајот на август очекува договор за изборниот закон и за специјалниот обвинител

Демократската унија за интеграција (ДУИ) очекува до крајот на август политичките партии да постигнат договор околу прашањата за изборниот закон и за специјалниот јавен обвинител и потоа со консензус да бидат усвоени во Собранието, по враќањето на опозцијата, на почетокот на септември, било истакнато на денешната средба меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и новоименуваниот амбасадор на Албанија во...

Коцијанчич: Ако треба, ЕУ ќе помогне за специјалниот обвинител

Европската унија (ЕУ) ќе обезбеди секаква помош доколку е потребно за да се формира специјален обвинител, кој треба да ги истражи наводите што произлегоа од прислушуваните разговори, изјавила Маја Коцијанчич, портпаролка на еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, во одговор на прашањата на весникот „Вест“ дали се утврдени деталите за функционирање на специјалниот обвинител и дали се размислува...

ВМРО-ДПМНЕ: Од соопштението на СДСМ се гледа дека Заев е исплашен

Соопштението на СДСМ е само признание дека Зоран Заев планира да се избере обвинител кој треба однапред да му гарантира позитивна разврска на судскиот процес за случајот „Пуч“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Оваа сооопштение само ги потврди сомневањата на медиумите дека Зоран Заев целокупните преговори ги водеше за да обезбеди сопствено спасување од криминалите во кои е до гуша заглавен. Заев...

СДСМ: Груевски призна страв од специјалниот јавен обвинител

Никола Груевски денеска јасно призна дека случајот „Пуч“ е политички монтиран и призна страв од новиот специјален јавен обвинител, реагираат од СДСМ. „Од СДСМ велат дека партиското гласило на Груевски, „Курир“, тврди дека „На Заев му е потребен специјален јавен обвинител да го ослободи од Пуч“. Тоа значи дека Груевски знае дека не постои дело „Пуч“, штом на уште неизбран, неименуван...

Шекеринска: Во соопштението на Обвинителстото недостига само едно име – она на Никола Груевски

Од известувањето на Oбвинителство се гледа дека тоа немало ниту намера чесно и независно да ги истражува објавените криминали, изјави Радмила Шекеринска, заменик-претседателката на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање. - Можете да забележите многу имиња во соопштението, луѓе кои разговарале, луѓе чиј криминал бил покажан со снимките, ама едно име многу чудно недостига, тоа е името на Никола Груевски. Кога...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...