fbpx

Амбасада на Германија: Специјалниот обвинител да има целосна автономија и пристап до сите материјали

-

Германската амбасада во Македонија денеска соопшти дека има големи очекувања во врска со именувањето на специјалниот обвинител на 15 септември, утврдено со договорите од 2 јуни и од 15 јули.

– Ова именување претставува важна обврска од споменатите договори, бидејќи специјалниот обвинител треба да обезбеди независна, транспарентна и сеопфатна правна разврска на обвиненијата за тешките престапи што произлегуваат од телефонските снимки. Само на тој начин веродостојноста на институциите на земјата, кои се соочуваат со тешки обвиненија, повторно може да биде вратена – стои во соопштението.

Амбасадата, како што се наведува во документот, очекува дека специјалниот обвинител ќе може да ги врши своите надлежности во рамките на целосна автономија, која му е гарантирана од партиите со договорот од 15 јули и ќе има пристап кон сите материјали, кои се релевантни за неговите истражувања.

„Излез од политичката криза е можен само со целосна и навремена имплементација на сите чекори, усогласени во договорите. Амбасадата се надева дека службите за кривично гонење и судовите на земјата ќе ги решаваат постапките во врска со телефонските снимки, според важечките национални и меѓународни прописи, а воедно да го сторат тоа на начин, кој овозможува сеопфатно истражување и разврска“, стои во соопштението и се додава дека Амбасадата со внимание и со интерес ја следела првостепената одлука на Основен суд Скопје 1, донесена на 1 септември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...