fbpx

Шекеринска: Во соопштението на Обвинителстото недостига само едно име – она на Никола Груевски

-

Од известувањето на Oбвинителство се гледа дека тоа немало ниту намера чесно и независно да ги истражува објавените криминали, изјави Радмила Шекеринска, заменик-претседателката на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање.

– Можете да забележите многу имиња во соопштението, луѓе кои разговарале, луѓе чиј криминал бил покажан со снимките, ама едно име многу чудно недостига, тоа е името на Никола Груевски. Кога се споменува за плацевите на Водно, барем тоа се решиле, се охрабриле да го кажат, излегува дека плацевите на Водно се анонимни, дека не знаеме кој ги избирал, кој одлучувал, кој барал да се усвојат урбанистички планови. Ако забележите уште нешто, ќе видите дека оние снимки со криминалот за изградбата на автопатиштата, каде што Груевски бара мито во износ меѓу 15 и 18 милиони евра, Обвинителството се плашело дури и да ги спомене. Има серија такви примери што покажуваат дека Обвинителстовото има една единствена задача – да бара алиби за тоа што нема да покрене вистински обвиненија. Мислам дека соопштението потврди колку важен беше тој дел од договорот постигнат на 15 јули, а тоа е дека Марко Зврлевски нема да има влијание врз истрагите – одговори Шекеринска.

Таа додаде дека потребен е специјален обвинител кој ќе ја прочисти државата и ќе ја почне борбата со криминалот. Шекеринска рече дека задачата на специјалниот обвинител ќе биде да покаже дека нема функционер кој е над законот.

„Таа лекција треба да ја слушнат сегашните, таа лекција треба да ја чујат и сите идни министри, политичари“, изјави Шекеринска.

Таа најави дека во текот на денов ќе имаат прес-конференција на која ќе реагираат на соопштението на Јавното обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...