fbpx

Во СДСМ се изненадени од изјавата на премиерот за специјалниот обвинител

-

И во опозицискиот СДСМ се изненадени од вчерашната изјава на премиерот Никола Груевски, во врска со изборот на специјален јавен обвинител.

Оттаму велат дека досега од ВМРО-ДПМНЕ инсистирале да се избере само специјален обвинител и не прифаќале дека тој треба да има и стручни соработници, ниту, пак, други работи кои му се потребни за да може независно да работи, па и за нив изјавата на премиерот била изненадување.

– Договорот за избор на специјален јавен обвинител треба да се реализира онака како што е договорен, без додавање или одземање. Тој обвинител треба да биде автономен и да има доволен број стручни и технички соработници, истражители и целокупната потребна логистика од човечки ресурси, средства за покривање на трошоците и техничка логистика, во смисла на канцеларии, возила и слично. Тој не смее да биде на никаков начин попречуван во неговата работа, ниту, пак, под внатрешни или надворешни влијанија. Треба чесно да си ја изработи својата работа и да донесе непристрасни одлуки – рече премиерот во говорот по повод Денот на независноста.

Работните групи на политичките партии за Договорот од Пржино, до 15 септември нема да разговараат за изборните закони и правила, туку целата енергија ќе ја насочат кон прашањето за специјален јавен обвинител, дознава „Мета“ од извори инволвирани во преговарачките тимови.

Партиите се договориле приоритет да му дадат на ова прашање, поради најблискиот рок кој треба да се испочитува од Договорот од Пржино. Поради тоа, договорено е до 15 септември да се состануваат секојдневно и колку што е потребно, па дури и за време на викенд, само за да се испочитува рокот кој партиите го аминувале со својот потпис.

Според информациите што ги добивме, има мало поместување околу преговорите за специјален обвинител и тој, најверојатно, ќе се избира според постојниот закон, но со негова измена и дополнување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...