fbpx

Калајџиев: Да не влеземе во стапицата дека сè мора да заврши до 15 септември

-

„Мислам дека целава приказна лошо ја води опозицијата – и понатаму да ги држи на страна професионалните здруженија и НВО-секторот. Ние сме доведени во ситуација да се одлучува за еден суштински закон, кој ќе има влијание на историјата на Македонија – дали ќе успее да почне одново да се создава правната држава. Јавноста не треба да влезе во стапица дека рокот до 15 септември е даден од господ. За жал, и опозицијата влегува во стапицата, па и кандидатот што ќе го предложат не треба да го прифати легитимитетот на политичките партии. Тие четворица лидери на партии не може да дадат легитимитет на една ваква сериозна институција“, рече професорот Гордан Калајџиев на дебатата „Каков јавен обвинител ни е потребен“, што се одржа во хотелот „Холидеј ин“ во организација на Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија.

Според него, на специјалниот обвинител ќе му треба еден месец за да собере тим.

Калајџиев вели дека ако тој бил лидер на опозицијата, уште пред неколку месеци ќе разговарал со кандидатите, затоа што некои услови зависат токму од нив.

– Зарем мислите дека така лесно некој ќе ја остави својата работа и ќе ја стави главата в торба преку ноќ? Да имавме ние спремни обвинители, немаше само Марко Зврлески да се јави на огласот за обвинител – рече Калајџиев на дебатата, на која не се појави ниту еден обвинител.

Професорката Мирјана Најчевска кажа дека се залага за идејата покрај специјален обвинител да има и специјален суд. Според неа, не се потребни промени на Уставот за да се избере специјален јавен обвинител и тоа може да се направи во рамките на постојните Устав и закони.

– Специјалниот јавен обвинител треба да го избере Собранието, затоа што само тоа го има легитимитетот на граѓаните – рече Најчевска.

Учесници на дебатата беа и д-р Слаѓана Тасева и Жарко Трајановски, а модератор беше Урнија Пировска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинците не си ја продале православната вера, таа е доминантна во Украина

Високи 72 отсто од Украинците се декларираат како православни христијани од кои 54 отсто се приврзаници на автокефалната православна црква на Украина, 14 отсто се идентификувале како православни христијани...