fbpx

Партиите денеска продолжуваат со преговорите за специјалниот обвинител

-

Работните групи со претставници на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска продолжуваат со преговорите за избор на специјален јавен обвинител, кој, според договорот, треба да ги истражи наводите од содржината на прислушуваните разговори што ги објави опозицијата.

Специјалниот јавен обвинител, во мометот е „најжешката“ тема околу која разговараат работните групи, а чие именување, според Договорот од Пржино, треба да се случи најдоцна до 15 септември. Претставниците на партиите преговараат околу правната рамка во која треба да биде избран специјалниот обвинител, за која партиите, особено владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозицискиот СДСМ, имаат спротивни позиции.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вчера од Тетово изрази оптимизам дека на почетокот од наредната недела преговарачките тимови на политичките партии ќе ги усогласат ставовите околу законот за јавниот обвинител.

– Концептуалните разлики се, во суштина, околу тоа дали ќе биде специјален јавен обвинител или ќе биде специјално јавно обвинителство. Во Македонија постои јавен обвинител, постои виш јавен обвинител, постои обвинител за организиран криминал, но, во суштина, станува збор за повеќе од 300 јавни обвинители. Јавен обвнител значи служба, таа служба мора да има заменици, така што специјалниот обвинител ќе носи одлуки, но тој мора да работи со некого, не може да биде сам. Тоа е нашиот став, а ВМРО-ДПМНЕ вели дека треба да е еден човек – изјави Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...