fbpx
Таг: самит

таг: самит

Столтенберг: Не сакаме студена војна со Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Варшава, на eкспертскиот форум кој се одржува во рамки на самитот на НАТО, порача дека западниот воен сојуз не бара судири и не сака нова Студена војна затоа што таа треба да остане во историјата, а одговорите на сите предизвици, меѓу кои е и зајакнувањето на источното крило кон Русија со четири баталјони,...

Попоски и Јолевски на чело на македонската делегација на НАТО-самитот во Варшава

Делегација на Република Македонија, предводена од вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, и од министерот за одбрана, Зоран Јолевски, ќе учествува на самитот на НАТО што денеска и утре се одржува во Варшава, Полска, соопштија од Министерството за надворешени работи. „Министерот Попоски ќе се обрати на состанокот на шефови на држави и на влади посветен на Авганистан, а...

Почнa самитот на НАТО во Варшава

Дводневниот самит на НАТО денеска почнува во полскиот град Варшава, а главна тема ќе бидат безбедносните прашања, состојбата во Авганистан, кризата во Украина и односите со Русија, како и борбата против Исламска држава (ИД). Северноатлантската алијанса не е директно вклучена во борбата против ИД во Сирија и во Ирак, но некои нејзини членки се дел од антитерористичката коалиција, предводена од САД. На самитот,...

Средба Ципрас – Обама на самитот на НАТО во Варшава

Грчкиот премиер Алексис Ципрас утре во Варшава ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама. Средбата ќе биде на маргините на самиотот на НАТО во Полска, кој почнува денеска. Според информациите во „Катимерини“, на средбата се очекува да се разговара за грчката финансиска криза, програмата за штедење и за грчкиот долг, но и за прашања како влијанието на излезот на...

Могерини: Проширувањето на ЕУ ќе продолжи

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, на вчерашниот самит за Западен Балкан во Париз изјави дека проширување на ЕУ ќе продолжи и важно е европските институции да бидат кредибилни во тој процес. „Овој самит е важен и за нашата безбедност, бидејќи миграциската криза уште постои и ризикот од радикализација во регионот нè обврзува...

Попоски на самит во Париз: Потребно е ЕУ да ја зајакне финансиската помош за регионот

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, учествуваше на Третиот самит за Западен Балкан, што се одржа во Париз под покровителство на претседателот на Франција, Франсоа Оланд, информираат од Министерството за надворешни работи. На сесијата на министрите за надворешни работи се дискутирало за прашања од областа на миграциите, борбата против тероризмот и радикализацијата, политиките за младите и за економските реформи како еден од...

Манчевски со Оер: Исполнувањето на условите за избори е решение за кризата

Исполнувањето на условите за фер и демократски избори е клучно за решавање на политичката криза, преку прочистување на избирачкиот список и реформа во медиумите, истакнал потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, на денешната средба со амбасадорката на Франција во земјава, Лоренс Оер, претставникот на дирекцијата за стратешки прашања при француското министерство за одбрана, Рено Дорлиак, и со потполковник Александер Ноел,...

Могерини: На ЕУ ѝ е потребна нова стратегија

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, денеска на земјите членки на Унијата им ја испратила новата глобална стратегија на ЕУ за надворешна политика и за безбедност. Таа формално ќе ја претстави стратегијата на самитот на ЕУ, кој ќе се одржи оваа недела во Брисел. Стратегијата, подготвена и елаборирана од Могерини, како што е наведено,...

Претставници од Македонија на Глобалниот самит за претприемаштво во САД

Благица Петрески и Зоран Настески ќе учествуваат на Глобалниот самит за претприемаштво 2016 (ГЕС), што ќе се оддржи од 22 до 24 јуни годинава, во Пало Алто, Калифорнија. Тие ќе им се придружат на повеќе од 700 претприемачи од целиот свет, како и инвеститори, говорници и лидери во светот на претприемаштвото. На овие иновативни птерприемачи, исто така, ќе им се придружат високи...

Иванов денеска ќе се обрати на Самитот на ПСЈИЕ во Бугарија

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Софија ќе учествува и ќе има обраќање на Самитот на шефови на држави и на влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Самитот, кој одбележува 20 години од иницијативата и е насловен „ПСЈИЕ - 20 години клуч кон регионална соработка“, се одржува во рамките на бугарското претседателство. Македонскиот претседател веќе се...

Слаб одзив на развиените земји на хуманитарниот самит за бегалците

Генералниот секретар на Обединети нации (ОН), Бан Ки-мун и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изразија жалење поради слабиот одзив на групите на најразвиени земји (Г7), од кои, на хуманитарниот самит на ОН учествувала само германската канцеларка Ангела Меркел. Ки-мун ги повика земјите повеќе да партиципираат во хуманитарната помош и да преземат заедничка одговорност за бегалците, на што поддршка даде и домаќинот...

Попоски на подготвителен министерски состанок за самитот Париз-Балкан 2016

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски денеска во Париз учествува на подготвителниот министерски состанок за Самитот Париз-Балкан 2016, кој на 4 јули ќе се одржи во француската престолнина Министрите на состанокот ќе известат за подготовките на своите земји за Самитот во Париз во областите на инфраструктурните проекти, како и за статусот на иницијативата за воспоставување Регионални канцеларии за млади. На...

По самитот во Сочи компаниите ќе можат да ги пласираат производите на големи пазари

Mакедонските компании имаат шанса за пласман на производи на големи пазари, по најавената зона на слободна трговија меѓу Русија и Југоисточна Азија, смета Македонско-руската стопанска комора по одржувањето на Самитот Русија - АСЕАН (Сојуз на држави од Југоисточна Азија) во Сочи. - Ова за македонските компании треба да биде сигнал за значително поагресивно настапување на рускиот и пазарот на Евроазиската...

Попоски се сретна со Нуланд на самитот на НАТО во Брисел

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, на покана на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во седиштето на НАТО во Брисел, учествуваше на редовниот состанок на ниво на министри за надворешни работи, во формат Северно-атлантски совет на НАТО и оперативните партнери во мисијата „Решителна подршка“ во Авганистан. Министрите разговараа за продолжување на мисијата во текот на...

„Катимерини“: Нема покана за членство во НАТО за Македонија во Варшава

Се смирува грчката вознемиреност дека Македонија може да добие покана за членство во НАТО на јулскиот самит на Алијансата во Варшава. Весникот „Катимерини“ пренесува дека грчкиот премиер Алексис Ципрас добил уверување од меѓународните партнери дека во јули на новиот самит нема воопшто да се разговара на темата за членството на Македонија во НАТО. Причината за тоа Македонија и оваа година да помине...

Вториот FMCG-самит ќе се одржи на 13 мај во хотелот „Александар палас“

Вториот FMCG-самит ќе се одржи на 13 мај во хотелот „Александар палас“, во организација на регионалниот магазин за трговија со стока за широка потрошувачка „Инстор“ (InStore). Во рамките на програмата ќе бидат опфатени домашни и регионални приказни на тема: лидерство, менаџмент со категории, преговарање и продажба, промоции и приватни трговски марки. Ќе се одржат презентации, истражувања, тркалезна маса чија цел е...

Бакојани: Грција ќе се најде под голем притисок на Самитот на НАТО

Поранешната шефица на грчката дипломатија, Дора Бакојани, предупреди дека Грција ја чекаат сериозни притисоци околу приемот на Македонија во НАТО на следниот Самит на Алијансата во Варшава. Бакојани апелираше грчкото министерство за надворешни работи да почне сериозно да се подготвува, коментирајќи дека Македонија има засилена улога благодарение на бегалската криза, а актуелната грчка влада ја нема истата поддршка што ја имала...

Коѕиас на средба со Нимиц на 17 април

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, следната недела ќе се сретне со посредникот Метју Нимиц. Средбата е закажана за 17 април и ќе се одржи надвор од Грција, веројатно во Брисел или Луксембург, каде Коѕиас ќе биде на работна посета идната недела. Главната тема ќе бидат преговорите околу името, ќе се претстават грчките иницијативи, напредокот, ситуацијата и климата која владее околу...

Претседателот Иванов ќе учествува на 19. Евроазиски економски самит во Истанбул

Претседателот Ѓорге Иванов ќе учествува на 19. Евроазиски економски самит на Фондацијата „Мармара“ во Истанбул, на 6 и на 7 април 2016 година. Иванов ќе се обрати на свеченото отворање, а ќе има и свое обраќање на претседателската сесија. Во делегацијата предводена од македонскиот претседател, за време на работната посета на Турција, е и министерот без ресор задолжен за привлекување странски...

Попоски: Регионот да се интегрира паралелно со интеграцијата во ЕУ

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски учествуваше на министерска конференција на Западен Балкан, која се одржа во Драч, Република Албанија, соопштија од МНР. Министрите за надворешни работи од шесте балкански земји и Чешка, која претседава со Вишеградската група, разговараа со еврокомесарот Јоханес Хан за Париската конференција, закажана за 4 јули годинава. Фокусот на средбата бил статусот на проектите за регионална поврзаност...