Коѕиас на средба со Нимиц на 17 април

-

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, следната недела ќе се сретне со посредникот Метју Нимиц. Средбата е закажана за 17 април и ќе се одржи надвор од Грција, веројатно во Брисел или Луксембург, каде Коѕиас ќе биде на работна посета идната недела.

Главната тема ќе бидат преговорите околу името, ќе се претстават грчките иницијативи, напредокот, ситуацијата и климата која владее околу спорот меѓу двете земји, која во Грција не се оценува како особено поволна за решавање на спорот за името.

Средбата доаѓа по неодамнешното интервју на Нимиц за грчката телевизија „Скај“, во кое тој посочи дека бегалската криза треба да биде поттик двете држави да работат за поскоро наоѓање решение за името, но и изрази разочараност дека постои застој во преговарачкиот процес поради бегалската криза и внатрешните прашања во двете држави. Оттогаш до сега работите се уште покритични поради политичката криза во Македонија, но и социјално-политичките проблеми со кои се соочува Грција и поради бегалската криза и поради преговорите со кредиторите околу нови мерки за штедење.

Коѕиас во наредните две недели ќе има дипломатски маратон и средби околу бегалската криза. Следната недела се очекува да се сретне со неговите колеги од Италија и од Албанија за подобра координација околу бегалската криза.

На 21 и на 22 април, пак, во Солун ќе се одржи мал балканскиот самит со учество на Македонија, Албанија и на Бугарија, а главна тема на разговор ќе биде бегалската криза и подоброто справување со неа. На самитот ќе учествуваат министрите за надворешни и за внатрешни работи на четирите земји, а планирани се три сесии, една во која ќе дискутираат само министрите за надворешни, една во која ќе разговараат само министрите за внатрешни работи и една заедничка сесија. Според информациите во Грција, идејата е по овој самит, доколку тој помине успешно, да се организира во мај поголем регионален самит со покани до Србија, Австрија, Словачка и до Хрватска.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...