понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: спор со името | 80 резултати

Димитров пред ПССЕ: Ако не можеш да јаваш на два коња, што бараш во циркусот

април 24, 2018

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров за време на својот говор во Парламентарното Собрание на Советот на Европа соопшти кои реформи ги презела Владата во борба против корупцијата, независно судство и слобода на медиумите. Европратениците најмногу му поставуваа прашања за проблемот со името. -Никогаш не сме имале преговори на ова ниво каде што директно разговараат […]

Коѕиас: Нема доволно време Македонија во јуни да стане членка на НАТО

април 18, 2018

На следниот НАТО самит во јули, Македонија нема да стане членка, бидејќи временскиот период е краток, изрази шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за грчкото радио „247“. Според Коѕиас, договорот треба да се ратификува на различни начини, а веќе е април. – Тие сакаат да распишат референдум. За референдум во земјата пријател на […]

Димитров за „Ла Кроa“: Во идеално сценарио, решение на спорот за 3 месеци

април 18, 2018

Во идеално сценарио, решение за спорот со името може да се постигне во наредните два до три месеци, а итноста за решение е диктирана од европскиот воз, вели шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за францускиот весник „Ла Кроа“. Во тој контекст Димитров ги спомена Самитот за Балканот што ќе се одржи во […]

Ѕанакопулос: Нема план „Б“, соседот треба да го промени уставното име

април 4, 2018

Промена на уставното име е една од правните обврски за да се постигне договор, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчката телевизија „Алфа“. Прашан за натписите во медиумите за евентуален грчки план „Б“ за потпишување договор со меѓународните организации, без да мине низ парламентите на двете земји, […]

Специјален статус во НАТО во јули, полноправно членство по промена на Уставот?

април 2, 2018

Најновите неофицијални информации кои доаѓаат од Грција се дека преговорите за името би можеле да резултираат со компромис околу приемот во НАТО, со „надградба“ на статусот на Македонија на самитот во јули и ветување за полноправно членство кога ќе се промени Уставот. Наводно, сега во центарот на преговорите е потпишување на меѓународен договор помеѓу двете […]

Димитров одделно ќе го информира државниот врв и партиите за преговорите за името

април 2, 2018

Лидерска средба за процесот на разговори за името нема да има. Министерот за надворешни работи Никола Димитров на поединечни средби ќе ги информира претставниците на државниот врв и политичките партии за текот на преговорите. Димитров минатата недела најави дека по преговорите за името во Виена, ќе се одржи состанок на државниот врв и лидерите на […]

Коѕијас ќе ги информира лидерите на грчките партии за текот на преговорите за името

април 2, 2018

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас ќе ги информира лидерите на грчките политички партии за разговорите во Виена и текот на преговорите за името. Наместо претседателите на партиите да дојдат во зградата на грчкото МНР, според медиумите, Коѕијас брифинзите ќе ги одржува во партиските штабови. Како што јави дописничката на МИА од Атина, за денеска […]

Кoѕиaс oд Виенa: Се нaдевaм декa ќе нaпрaвиме некoи пoзитивни чекoри

март 30, 2018

„Се нaдевaм декa ќе нaпрaвиме некoи пoзитивни чекoри денеска“, им рекoл шефoт нa грчкaтa диoлoмaтијa нa нoвинaрите, кусo пред пoчетoкoт нa денешната средбa сo македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитрoв и посредникот на ОН, Метју Нимиц вo Виенa, oбјaви грчкaтa нoвинскa aгенцијa АНА-МПА. Спoред фoтoгрaфиите штo ги oбјaви македонското министерство за надворешни работи нa […]

Димитров и Коѕиас на нова рунда преговори во Виена

март 30, 2018

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, денеска во Виена ќе имаат средба со медијаторот на Обединетите нации за спорот со името, Метју Нимиц. „Средбата е дел од напорите на ОН за посредување меѓу двете земји за наоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името“, соопшти прес-службата на […]

Коѕијас: Грција не треба да се плаши од компромис со една мала држава

март 28, 2018

Името не треба да има иредентистички елементи, треба да биде сложено со географска одредница, со придавка и да разграничува дека не станува збор за грчката Македонија, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во обраќањето на промоцијата на книгата „Македонското прашање“ на Никос Мерѕос. – Треба да најдеме сложено име што ќе ја изразува посебноста […]

Димитров очекува во Виена да дојде до поместување во преговорите за името

март 27, 2018

Духот и традицијата на Виена можеби ќе ни помогне да го поместиме проблемот напред и да има нешто конкретно и видливо во насока на надминување на прашањето за името. Овој проблем е најважен за нас, и за другата страна, меѓутоа има важни регионални импликации и влијае врз политиката на ЕУ кон Балканот. Ова денеска го […]

Ѕанакопулос: Се надевам дека набргу ќе стигнеме до заемно прифатливо решение

март 26, 2018

Портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, изрази надеж дека што е можно побргу ќе се најде заемно прифатливо решение за прашањето за името. Говорејќи за радиото „Сто Кокино“, објасни дека ова решение треба да биде во рамката што ја опишува Атина. Ѕанакопулос вели дека разговорите во Скопје поминале во многу добра […]

Заев – Коѕиас: Време е за одлуки и компромис прифатлив за двете страни

март 23, 2018

Премиерот Зоран Заев, денеска се сретна со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, која е во дводневна официјална посета на Македонија. Заев истакна дека оваа средба се совпаѓа со еден исклучително позитивен момент кога се очекуваат трајни решенија за билатералните прашања во регионот во перспектива на очекувањата на Европската Унија. – Фокусот на нашите […]

Коѕиас во Скопје на средби со Заев, Димитров, Џафери и Османи

март 23, 2018

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас вчера доцна попладне пристигна во официјална посета на Македонија слетувајќи на меѓународниот аеродром Скопје на кој македонската влада неодамна му го промени името од „Александар Велики“. Ова е првпат по 12 години грчки авион да слета на скопскиот аеродром. Коѕиас утрово ќе се сретне со шефот на македонската […]

Теодоракис: Сакаме решение на спорот со името, но под одредени услови

март 22, 2018

Сложено име за севкупна употреба, но и бришење на „агресивниот дух кон Грците“ од Уставот, учебниците и секојдневниот живот во соседната земја, се позициите на лидерот на партијата „Река“, Ставрос Теодоракис за прашањето за името. Во интервју за грчката телевизија „Скај“ Теодоракис вели дека неговата партија, како и Движењето за промена, во кое членуваат Река, […]

Помошникот државен секретар на САД, Вес Мичел, денеска во Скопје

март 13, 2018

Помошникот државен секретар за европски прашања на Стејт Департментот на САД, Вес Мичел денеска престојува во официјална посета на Скопје. Мичел ќе се сретне со премиерот Зоран Заев во Клубот на пратеници по што ќе дадат заедничка изјава за медиумите. – Посетата на високиот претставник на Стејт департментот е потврда на пријателството, но и поддршка […]

Готмелер: НАТО се надева на решение за името

март 7, 2018

Многу е добро што прашањето за името е високо на агендата и се надеваме дека може да се создаде позитивен моментум, вели заменик-генералниот секретар на НАТО, Роуз Готмелер, во интервју за грчката телевизија „Скај“, јави дописникот на МИА од Атина. Во однос на членството на Македонија во Северно-атлантската алијанса, таа ја споменува неодамнешната посета на […]

Ѕанакопулос: Ако соседите немаат волја и расположение нема да има решение

февруари 27, 2018

Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос говорејќи за грчката телевизија „Алфа“, порача дека грчките позиции и предуслови се јасни, а соседната земја е таа што треба да покаже волја и расположение за договор, а во спротивно нема да има решение. – Ние имаме кажано кои се предусловите за да се постигне решение. Оттука, доколку нашите […]

Ѕанакопулос: Промената на Уставот е цврста преговарачка позиција на грчката Влада

февруари 26, 2018

Промената на уставот на соседната земја е цврста преговарачка позиција на Атина, вели портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за радиото „Риал фм“. Тој, како што јавува дописникот на МИА од Атина, уште еднаш ги повторил грчките позиции. – Грчката позиција е сложено име, кое ќе биде за сите употреби и ќе важи […]

Заев: Неприфатливо е име без превод, не гледам причина да го менуваме Уставот

февруари 26, 2018

Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за германски „Шпигел“ вели дека очекува да се најде решение со Грција за прашањето за името, но смета оти не е неопходно менување на Уставот и дека евентуалниот договор може да се гарантира со меѓународен договор. Неприфатливо, како што наведува, е менување на името на државата со име кое […]

Страна 1 од 4