fbpx

Попоски: Регионот да се интегрира паралелно со интеграцијата во ЕУ

-

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски учествуваше на министерска конференција на Западен Балкан, која се одржа во Драч, Република Албанија, соопштија од МНР.

Министрите за надворешни работи од шесте балкански земји и Чешка, која претседава со Вишеградската група, разговараа со еврокомесарот Јоханес Хан за Париската конференција, закажана за 4 јули годинава.

Фокусот на средбата бил статусот на проектите за регионална поврзаност од претходна Виенска конференција во 2015 година, како дел од Берлинскиот процес за највисока политичка поддршка на идно членство на балканските земји во ЕУ.

Во соопштението се наведува дека се донесени заклучоци за основање на младинската регионална канцеларија и проекти за мобилност на студенти и вработени во државните администрации помеѓу земјите од регионот.

– Треба да се интегрираме како регион помеѓу нас, паралелно со интегрирањето во ЕУ. Изградбата на подобри патишта и енергетски врски мора да е проследено и со полесно водење бизнис низ соседството и патување без рампи во регионот. Не треба да се има илузии дека ЕУ ќе може да биде дарежлива за финансирање на инфраструктурата во нашите земји во иста мерка како што беше тоа случај во другите земји кои веќе се приклучија на Унијата. Треба да сме реални дека тоа е минато. Денес имаме можност сами да работиме на интеграција помеѓу нас кои сме на пат кон ЕУ и оние земји од регионот кои веќе се членки на ЕУ. Се сведува на конкретни работи низ кои треба да го гледаме идното членство во ЕУ – рече шефот на македонската дипломатија.

Попоски на маргините на конференцијата остварил средба и со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, на која е заклучено дека избори на 5 јуни се најдобар пат за Македонија да ја врати агендата и почне со преговори за членство.

Во рамките на состанокот, Попоски имал билатерални средби и министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Игор Црнадак, државниот секретар за европски прашања на Франција, Арлем Дезир, со генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Горан Свилановиќ, потсекретарот во италијанското МНР, Винченцо Амендола и шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Вкупно 35 милиони денари или 569 илјади евра чинела кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена од изборната кампања пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда, на...