fbpx

ИД повикува на напади на Меркел и на аеродромот Келн-Бон

-

Милитантната Исламска држава објави фотографии на интернет повикувајќи ги германските муслимани да изведат напади како оние во Брисел, притоа укажувајќи на германската канцеларка Ангела Меркел и аеродромот во Келн – Бон.

Западна Европа е на висок степен на тревога откако минатата недела ИД изведе самоубиствени напади на аеродромот и на метро-страница во Брисел, убивајќи 35 лица и повредувајќи околу 300.

На фотографиите и графиките на ИД, објавени во германските медиуми, се гледаат слогани на германски јазик со кои се повикуваат муслиманите на насилство против „непријателите на Алах“.

Германската федерална полиција, БКА, која ги следни осомничените милитанти со германски пасоши кои се вратиле од Сирија и Ирак, соопшти дека знаеле за фотографиите, но оти нивното објавување на бара дополнителни мерки за безбедност.

– Знаевме за овие материјали и нашите експерти ги проверуваат. Јасно е дека Германија е во фокусот на меѓународниот тероризам и оти можно е да се случат напади, но тие материјали не ги сменија нашите безбедносни проценки – соопшти портпаролот на БКА.

Шефот на германската федерална полиција, Холгер Меунч изјави дека после нападот на Брисел на 22 март, ИД планира да продолжи со „спектакуларните“ напади во Европа затоа што сака да надомести за загубите на воените полиња во Ирак и Сирија.

На еден од распространетите материјали на ИД, прикажана е борбена фигура како стои на терен и гледа во аеродромот Келн – Бон, додека во описот стои „Тоа што твоите браќа во Белгија беа во состојба да го направат, можеш и ти“.

На другиот материјал се гледа зградата на канцеларката во Берлин како гори, додека борец на ИД стои пред зградата. Во описот пишува „Германија е воено поле“.

Германија минатата година, по париските напади во кои загинаа 130 лица, се приклучи кон меѓународната коалиција која е предводена од САД, но ја ограничи својата улога само на надгледување и обезбедување гориво.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...