fbpx

Чешка донира 740.000 евра за возила на македонската гранична полиција

-

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и амбасадорот на Чешката Република во земјава, Мирослав Рамеш денеска го потпишаа договорот за донација од 740.000 евра за набавка на 25 теренски возила за македонската гранична полиција.

Ова е трета донација на Чешката Република за земјава, во рамките на мерките за справување со мигрантската криза. Претходните две донации беа во шатори, греалки, кревети, вреќи за спиење, ќебиња, мантили за дожд, изотермални фолии и генератори за струја, во вкупна вредност од 125.000 евра.

– Би сакал да ја искористам оваа прилика уште еднаш да и се заблагодарам на Чешката Влада и Министерството внатрешни работи на Чешката Република за несебичната поддршка која ни ја даваат во справувањето со мигрантската криза, знаејќи дека ова е трета донација од нивна страна која е директно наменета за полициските службеници. Покрај со финансиски средства, Чешката Република ни помогна и со човечки ресурси, односно во два наврати беа испратени по 27 полициски службеници на македонско -грчката граница, кои рамо до рамо со македонските полициски службеници активно учествуваат во контрола и надзор на граничната линија, како и во процесот на регистрација на бегалците – изјави министерот Спасовски.

Како што соопштија од МВР, најавена е и нова Чешка донација во опрема за Министерството за внатрешни работи, со што вкупната вредност на донациите од оваа земја ќе надмине вредност од 1 милион евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...