fbpx
Таг: самит

таг: самит

Свилановиќ: РСС ќе придонесе регионот да биде просперитетен и стабилен

„Исклучително е важно да се осигури понатамошен напредок и продолжување со реформите во регионот, бидејќи тоа се неповратни процеси кои произлегуваат од тежнеењето на државите да пристапат кон Европската Унија. Регионалниот совет за соработка (РСС) ја продолжува блиската соработка со вас, за регионот да биде просперитетен и стабилен“, изјави генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ, обраќајки се...

Кучи: Поврзување и сигурно снабдување со енергија, заедничка цел на земјите од регионот

„Македонија, како членка на Енергетската заедница, се обврза да стане дел од внатрешниот пазар на енергија во Унијата. Работиме на изнаоѓање нов концепт во политиката за поддршка на обновливите извори на енергија, како и на можностите и на начините Македонија постепено да се интегрира на регионалниот и на европскиот пазар“, изјави министерот за економија, Дритон Кучи, на министерскиот состанок на...

Ивица „Ние сме будали што ве признавме“ Дачиќ дојде во Македонија или во БЈРМ?

На министерскиот состанок во Скопје дојде и шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, кој неодамна рече дека Србија погрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име затоа што Македонија го признала Косово и го поддржала неговото членство во УНЕСКО. – Србија направи голема грешка. Цела Европа и целиот свет го користат називот Поранешна Југословенска Република Македонија, а ние им...

Состанок меѓу Путин и Трамп е можен пред самитот Г20, информира Кремљ

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да се сретне со неговиот американски колега, Доналд Трамп, пред самитот Г20 во јули. Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, изјави дека телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп во саботата поминал добро, но дека тешко може да се говори за каков било договор во врска со санкциите. - За почеток мораме да одредиме...

Историска посета на јапонскиот премиер Шинзо Абе на Перл Харбор

Јапонскиот премиер Шинзо Абе посети неколку споменици на Хаваи пред неговата историска посета на Перл Харбор. Абе ќе биде првиот јапонски премиер што го посетил Перл Харбор. Покрај него ќе биде и претседателот на САД, Барак Обама, кој пред само неколку месеци стана првиот американски претседател што ја посети Хирошима. Абе на Перл Харбор ќе им оддаде почит на мртвите, но нема...

Русија побара објаснување од Швајцарија зошто нејзин авион ја следел руската делегација

Русија побара објаснување од Швајцарија, откако воени авиони со швајцарски ознаки неколку минути го следеле авионот со руска делегација во воздушниот простор на таа земја. - Изразивме недоверба и побаравме објаснување од швајцарската страна поради инцидентот со рускиот владин авион на небото над Швајцарија – се наведува во соопштението на руската амбасада во Швајцарија објавено на „Твитер“. Вчера, воени авиени со...

Регионалниот самит помеѓу Македонија, Грција Бугарија и Албанија одложен за по изборите

Вториот регионален Самит на шефовите на дипломатиите на Грција, Македонија, Албанија и Бугарија се одложи поради изборите во Македонија и новите политички турбуленции во Софија по претседателските избори. Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас, кој беше иницијатор на оваа регионална средба, најави дека четворицата министри се договориле наместо на крајот на ноември, средбата да се одржи откако ќе се завршат...

Иванов: Македонија е посветена на целите на Парискиот договор за климатски промени

„Вештачките индустриски системи ги развивме и ги проширивме на сметка на природните екосистеми. Со нашата култура на фрлање, го претворивме нашиот заеднички дом во ѓубриште и ја компромитиравме иднината на нашите потомци“, рече претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање на Самитот за климатски промени во Мароко. Претседателот Иванов истакна дека Македонија, како земја потписник, е посветена на принципите и на целите...

Заврши петтиот самит „Македонија 2025“ кој два дена се одржуваше во Скопје

Со повеќе од 250 гости, 11 панел-дискусии и со учество на 40 говорници од 25 земји во светот, заврши петтиот самит „Македонија 2025“ кој се одржа во Скопје. Говорниците дискутираа за револуцијата на еколошки возила, развојот на паметни градови, користењето на природните богатства на земјата кон стимулирање на развој на одржлива економија. Експерти од Италија, Норвешка, Полска, Јапонија споделија детали од најдобрите практики...

Изборите ја спречиле ВМРО-ДПМНЕ да учествува на самитот на сестринските партии

Распуштањето на Собранието и средбите со граѓани им биле приоритет на водечките кадри на ВМРО-ДПМНЕ и затоа не учествувале на Самитот на европските народни партии, кој се одржа вчера во Мастрихт, Холандија. Од владејачката партија, која е член на ова асоцијација на европските демохристијански партии, велат дека добиле покана, но навремено одговориле дека поради обврски, нема да присуствуваат на самитот. - ВМРО-ДПМНЕ...

Мерење на прогресот на економскиот развој на самитот на „Македонија 2025“ во Скопје

Невладината и независна организација за промовирање на бизнис-потенцијалите на нашата земја „Македонија 2025“ го одржува самитот на кој ќе учествуваат водечки интернационални експерти од светот на бизнисот, науката и на технологијата на 20 и 21 октомври. Ова е петти самит во организација на „Македонија 2025“, а целта на овие настани е да стимулираат напредно размислување во поглед на бизнисот, меѓународната деловна...

Ципрас: Мора да го одржиме во живот договорот ЕУ-Турција за бегалците

Европската Унија и Турција мора да ги исполнат заемните обврски за да продолжи имплементирањето на договорот за бегалците, апелираше грчкиот премиер, Алексис Ципрас, по завршувањето на самитот за бегалската криза во Виена. Ципрас побара поголема солидарност и еднакво распределување на товарот и на одговорноста за бегалската криза кај сите европски држави, а не само кај земјите каде првично пристигнуваат бегалците. Тој...

Туск: Мигрантската криза може да се реши само со соработка со Балканот

Услов за решавање на мигрантската криза е тесна соработка на ЕУ со нејзините партнери на Балканот, порача денеска во Виена претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, пред почетокот на самитот „Мигрантската рута на Балканот“. - Уште од првите денови на миграциската криза, немав сомнеж дека клучот за решавањето на кризата е во враќањето на ефикасната контрола на надворешните граници на...

Димитриев во Виена на самит за бегалската криза

Македонскиот премиерот Емил Димитриев денеска во Виена ќе учествува ќе учествува на Самитот за бегалската криза, насловен „Миграцијата долж балканската рута“. Покрај Димитиев, на самитот, по покана од австрискиот канцелар Кристијан Керн, ќе учествуваат и премиерите на деветте земјите што се наоѓаат на таканаречената балканска рута, односно премиерите Алексис Ципрас од Грција, Миро Церар од Словенија, Тихомир Орешковиќ од Хрватска, Еди...

Туск: Европа ја тресат кризи, време е за дијагноза

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ги повика лидерите на Европската Унија трезвено и отворено да ги разгледаат проблемите во блокот. Тој рече дека тоа мора да се направи по шокантната референдумска одлука на Британците да ја напуштат Унијата. Туск ги повика лидерите на ЕУ да постават „реална дијагноза за причините за Брексит“ и да ги уверат граѓаните дека од Брексит...

Ципрас ја одбил поканата за средба со Меркел и со лидерите на ЕУ во Берлин

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја одбил поканата на германската канцеларка Ангела Меркел да учестува на неформален состанок на европските лидери, кој треба да се одржи в недела во Берлин, пренесува весникот „Катимерини“. Состанокот во Берлин се смета за подготовка за вонредниот самит на Европската Унија закажан за петок следната недела. Во Грција се поставува дилемата зошто Ципрас ја одбил оваа покана,...

Обама го прекинува престојот во Европа за да го посети Далас

Американскиот претседател Барак Обама ќе го прекине својот престој во Европа за да го посети Далас, каде што пет полицајци беа убиени од снајперисти за време на демонстрациите на црнечката заедница против полициската бруталност. Од Белата куќа соопштија дека откако ќе заврши НАТО-самитот во Варшава, Обама требало да отпатува во Шпанија, но ќе ги прекине планираните активности за да допатува...

Попоски денеска во Варшава ќе се сретне со Коѕиас

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска на маргините на Самитот во Варшава ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Попоски и Коѕиас последен пат имаа средба во Брисел во мај, на маргините на министерскиот состанок на НАТО. Во таа пригода двајцата министри разговараа за мерките за градење доверба, билатералните односи и соработка, но и за политичката ситуација...

НАТО и ЕУ ќе ја прошируваат соработката во сферата на безбедноста

На првиот ден на НАТО-самитот во Варшава, членките на Алијансата усвоија одлука за зголемување на военото присуство во четири држави на Источна Европа. Се воведува дополнителен мултинационален баталјон во Романија, а членките одлучиле и заеднички да ја координираат одбраната од балистички ракети. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека дополнителните трупи на НАТО следната година ќе бидат распоредени во Летонија, Литванија, Естонија...

Поврзувањето на земјите од Западен Балкан ја зголемува конкурентноста на пазарите во ЕУ

Третиот самит за Западен Балкан, што се одржа во Париз во рамките на Берлинскиот процес, има огромно значење за економијата во земјава, смета претседавачот на собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев. - Европската Унија навлегува во тешка фаза, но, сепак, постои европска перспектива за земјите од Западен Балкан. Процесот на пристапување кон Европската Унија не е само процес на усогласување...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...