fbpx

Регионалниот самит помеѓу Македонија, Грција Бугарија и Албанија одложен за по изборите

-

Вториот регионален Самит на шефовите на дипломатиите на Грција, Македонија, Албанија и Бугарија се одложи поради изборите во Македонија и новите политички турбуленции во Софија по претседателските избори.

Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас, кој беше иницијатор на оваа регионална средба, најави дека четворицата министри се договориле наместо на крајот на ноември, средбата да се одржи откако ќе се завршат парламентарните избори во Македонија.

Средбата беше планирана за 21 и 22 ноември во Солун, слично како и првиот априлски самит кој беше фокусиран на бегалската криза и на кој беше договорено состаноците да се одржуваат редовно за подобрување на комуникацијата и соработката меѓу четирите држави.

„Четирилатералната средба на министерско ниво меѓу Грција и трите северни држави со кои се граничи, требаше да се одржи на 21 и 22 ноември, но како што знаете актуелната бугарска влада беше поразена на претседателските избори, а истовремено во Скопје имаме избори на 11 декември. Заедно со министрите и министерот Бушати, со кого се сретнав во Брисел, се договоривме да ја одложиме средбата за по изборите во БЈРМ, за да не бидат сите влади кои ќе учествуваат на средбата во преодна фаза“, истакна Коѕис за регионалниот Самит.

Првата средба на Коѕиас со Никола Попоски, Дмитри Бушати и бугарскиот шеф на дипломатијата Даниел Митов се одржа во април и се фокусираше главно на бегалската криза, засилувањето на меѓусебната соработка и борбата против тероризмот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...