fbpx

Туск: Европа ја тресат кризи, време е за дијагноза

-

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ги повика лидерите на Европската Унија трезвено и отворено да ги разгледаат проблемите во блокот.

Тој рече дека тоа мора да се направи по шокантната референдумска одлука на Британците да ја напуштат Унијата.

Туск ги повика лидерите на ЕУ да постават „реална дијагноза за причините за Брексит“ и да ги уверат граѓаните дека од Брексит извлекле поука и дека се способни да им ја вратат стабилноста и чувството за безбедност.

Лидерите на 27 земји-членки на ЕУ ќе се соберат во Братислава на неформален, но значаен самит на кој ќе се разговара за иднината на ЕУ без Обединетото Кралство и за тоа како да се врати довербата во Унијата.

Туск рече дека Европа неодамна ја размрдале кризи од неколку видови и дека не може да се функционира како ништо да не се случило.

– Мислам дека најдобро мото за самитот во Братислава е како од тие кризи да извлечеме корист – истакна претседателот на Европскиот совет.

Формалните преговори за Брексит ќе почнат на почетокот на следната година.
Туск најави дека тема на разговор во Братислава нема да биде само британското напуштање на Унијата, туку и преземењето политичка контрола над заедничката иднина, решавањето на мигрантската криза, зајакнувањето на безбедносната и на одбранбената соработка, како и борбата против тероризмот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...